бев (гл.) - потпре (гл.)

Беше вечер кога се најдов во „Сите“, и пред „Нотр-Дам“, која ме фрапираше со својот огромен портал и величествените столбови, и на кои се држеше огромниот покрив на црквата, на кој беше потпрена големата камбанарија која, кога ја видов, не сакајќи ми ги одведе мислите на некогашниот нејзин ѕвонар Квазимодо и на неговата Жералдина, од романот на Виктор Иго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Празниот простор на подот беше сосем ограничен, зашто на сите ѕидови беа потпрени безбројни рамки за слики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше потпрен на ѕид како осуденик, оросен од чело до брада, бел, сув, собран во хармоника. „Но тоа не е сѐ“, се наведна кон него со таинствена интимност Отец Симеон. „И месечар сум.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За тоа време Лилица лежеше помешечки (некој, дали тоа беше Андон или Азра? – таа не можеше да знае, силно, со сета тежина беше потпрен на нејзиниот лев бут) и со едвај отворени трепавици можеше на елипсастото огледало со масивна дрвена подлога на наткасната од креветот да види дел од лицето на Андон: неговите очи, замижани, силно стегнати во грч, неговата издолжена, кучешка муцка и широко отворената уста која како да сакаше да каже нешто многу, и нешто важно, но наспроти тоа таа беше само нем отвор низ кој се истушуваше нешто низ гркланот, а доаѓаше одоздола, од душата, од нешто што таа не можеше да го види на огледалото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двајцата беа свртени кон третиот на отажниот крај на гредата кој со двете раце беше потпрен на патерица и нешто им раскажуваше на другите двајца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ема беше потпрена на бирото со двете раце; речиси целата тежина од горниот дел на телото ѝ паѓаше на дланките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)