бев (гл.) - прати (гл.)

Една неделина, кога Трајко си дојде од пазар, каде што беше пратен од браќа си да продаде јагниња и направи арч за вршење, се собраа сите петина да видат што донесол пазарџијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
После тоа беше пратен во чистилиштето и беше присилен (или присилил некој друг) да води белешки за Халстон и Виктор Хуго и Лиза Минели и Бјанка Џегер и Калвин Клајн и Полет Годар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И како што е случајот со неговите слики и филмови, ова е техниката преку која тој го доби и зацврсти своето место како уметник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лично мислам дека Ворхол всушност умре денот кога го застрелаа 1968.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повели, седни... и... еве читај, —го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше пратена да го варди уќуматот — царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска царштина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кајмакамот пишуваше: „Од мене, прилепскиот кајмакам, Салиефенди до тебе стари пријателе Арсланбеј поздрав и молитва да ти го чува алах здравјето, главата и власта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Перо се издига полека, сркна од кафето, додека Атина со ножиците го сечеше јаженцето околу пакетот кој го беше пратил нивниот брат Ташку од Филаделфија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но до сега, пиратот веќе ја беше пратил пораката низ линијата за блекбокс кон комсатот на Јакуза.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бенвениста ја плати јасновитката иако не знаеше зошто така ја нарекуваат кога нејзе судбината на Рафаил ѝ стана поматна, та излегувајќи на кошавата која Севишниот ја беше пратил за да ги расчисти маглите кренати над устието што тие денови го гушеа Белград, првпат се свести дека залудно губи време во надежи и очекувања и во фантазии што не ѝ допуштија да го види она што вистински го има, синот Јехуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш реши да ме побара мене.  „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За чудо, беше пратена во Монополот и таму се најде како работи на лентата за сортирање дури и пред да се појави таму Вангел на Борис Биџов.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Веднаш беше пратил луѓе да го донесат пред него, да го видит што дете ќе бидит со ѕвезда на чело.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му се пулел старио цар во лицето на детето, во зборот што зборуало, во бенката што ја имало на десниот образ и го усетил оти му е внуче, чунки цел целичок на татка си беше се родило, како глаата да беше му ја скинал на татка си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)