бев (гл.) - предизвика (гл.)

Тој беше предизвикан да трага по генезата на името и тајните на баклавата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка молчеше, не можеше убаво да ја дофати алузијата: дали Татко беше предизвикан на ваков чекор од откривањето на заборавените Мајкини знамиња, или имаше некоја подлабока причина којашто тој сѐ уште ја криеше од неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Траумите од босанската војна кај Јордан беа предизвикале сериозни последици.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Докторе, пулсот, срцето.“ Стравот во разлеаните очи не беше предизвикан од плачење на гладни сирени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка го подзатвори главниот прозорец од чардакот, поради провевот кој беше предизвикан од друг отворен прозорец. Провевот престана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немирот на улицата беше предизвикан од налудничавото однесување на еден човек со мускета. Пукал во насобраните жени и деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
107. Замешувањето на Бугарите и Србите во Македонија беше предизвикано од некои околности: Македонците одеа рака за рака со Бугарите во црковното прашање: оттаму проширувањето на власта на Егзархијата во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Брзо дозна дека баклавата (од персиски blave) била традиционално познат заеднички десерт на сите народи на Персија и на Османската Империја, но станал и национален колач на сите земји на Балканот, на Средниот Исток и Магреб, а се проширил и во Грузија, Ерменија, Кипар...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)