бев (гл.) - придружи (гл.)

Нели, веќе знаевме, дека оној, нејзиниот, ѝ се беше придружил на новата власт во Војводина а таа не сакала да ја прифати неговата предавничка постапка и решила да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зад нас, полицијата штракаше фотографии, блицовите грмеа како молњи, самите светкавици беа сѐ уште далечни но полека се приближуваа, грмотевиците гласно тропотеа терајќи езерски ветер пред себе така што облаци од песок зуеја врз металните страни на амбулантната кола. жмиркајќи одевме кон осветлените прозорци на Златниот Брег додека сенките на љубопитници привлечени од ротационите светла итаа кон брегот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Другите деца веќе се беа придружиле кон своите мајки и татковци и во весел разговор и честитање ја напуштаа искитената сала.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Без збор се одвоивме од групата, исто така несвесно како што им се бевме придружиле и одшетавме преку песокта, само за кратко застанувајќи на местото каде што претходно лежевме во љубовна прегратка, за да си го собереме остатокот од работите во торбата за плажа, да си ги прибереме чевлите, да си го најдам паричникот и да го запретам во песокта мизерниот, наизглед издишан кондом што ти се преправаше дека не го забележуваш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 181
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти бев благодарен за тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ајде, признај, сине, дека најмногу се сложувавте со Аксја откако таа се врати од Белград?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)