бев (гл.) - пристигне (гл.)

Ја праша дали знае каде отишла колоната, а таа само спушти раменици и му рече дека не знае.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така некое време останавме таму, додека нашите веќе беа пристигнати во Прилеп, почнаа да се слушаат нивните истрели кои доаѓаа дури до нас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Работата заради која беше пристигнал тука, привршуваше. Се монтираше последната машина. Како што ѝ кажа Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па сепак најпосле беше пристигнат и тој парталав мршар, што не ни помислува да падне, но што се влечка по секоја изморена дира, тврдоглаво и ниеднаш неизгубено, како смртта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој беше пристигнал в црква многу пред сите други, ако не и пред Петрета Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Соочена со такви мрачни мисли мрзоволно го извлече ранецот од автобусот кој веќе беше пристигнал во дворот на Економското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)