бев (гл.) - прифати (гл.)

Тие кредити можат да се сервисираат само под услов да се земат други кредити, а тоа можеше да мине само затоа што како првобитен капитал беше прифатена една вештачка вредност, па тоа овозможи однапред да се задолжиме така што беа прифатени хипотеките на кредитите за коишто требаше да гарантира првобитниот капитал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
9.  Не беше прифатено само барањето за исплата на регрес за годишен одмор, односно популарно наречениот К-15.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со задоволство беше прифатено. За цената ќе се договараме... со наддавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не можат да се применуваат никакви присилни мерки спрема странката што не се јавила на поканата од судот заради сослушување, ниту пак странката може да се присили на давање исказ (чл. 254, ст.1 од ЗПП). Доказот со сослушување на странките се изведува без полагање заклетва (чл. 255, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не, тој не ја однесе победата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи директивата едногласно беше прифатена од селото, на дневен ред дојде да решиме како ќе се собираат кучињата, каде ќе се тепаат, и кој и како ќе ги убива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како што ќе нагласи Плиниј, Катон по својата смрт, беше прифатен од Римјаните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ што беше прифатено и востановено, кралот, црквата, стилот, тој беше против тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)