бев (гл.) - пушти (гл.)

Петар знаеше каде одат, затоа ги следеше одејки полека, ги беше пуштил на слобода, знаеше дека ке се сретнат кај кладенецот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кучињата ни лаеж беа пуштиле, ни виеж полноќен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја беше пуштил мислата да му ја снема со здивот, зашто му се чинеше дека за ниедна мисла не може да се фати и да се задржи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Големата стока беше пуштена по полето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ај, аџиице, да ме испратиш - је рекол на жената си - од град надвор, оти јас ќе одам на аџил'к.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На часот кадијата беше пуштил музурот по тепачот да го викат за да го судит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чу тие зборои тепаниот од кадијата, си свил опашката в газ и си излегол од мевќемето надвор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многупати потоа го враќав во сеќавањето тој миг, таа несигурност не само во нејзиното, туку и во неговото држење, присилната воздржаност во погледите, зад која пронижуваа исчекувањето и љубопитноста, и онаа радосна непријатност, составена од среќа и срамежливост, што трепереше по нејзиното кревко лице, и по неговото лице кое се стремеше да изгледа секогаш сериозно, заради што уште во првите години од студирањето тој беше пуштил брада.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сите нивни подоцнежни средби ги имаа тие нијанси од првото видување, таа радост и таа непријатност, тоа исчекување, тоа љубопитство, тоа воздржување, таа несигурност, сите тие нешта кои се мешаа со зборовите, а сепак завршуваа во некаква неизговорливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)