бев (гл.) - рече (гл.)

Никола му беше рекол: - Ако тргне турски аскер по патот кон Рајчани, веднаш извести ме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имам педесет години, ниту млад за да можам, како што беше рекол некој, да правам планови за изградба на големи градби, ниту стар за да се предадам на рамнодушноста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тој пасос бев рекла дека таквата десакрализација знае да настапи непредвидливо и молскавично и дека на следбениците на водачот дотогаш издигнат до степен на Божество, наеднаш ќе им потемни светлината на неговиот ореол и тие ќе останат бесни на себе што до вчера го обожувале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Немаме големи пориви, знаеме дека судбината нема некаков спирален тек, туку дека е едно неумитно преповторување на погибелни циклуси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некому од нив секако ќе му застане коска во грлото и дури тогаш ќе си припомни дека некој беше рекол дека самоуништувањето секогаш започнува пред сезоната на драњето на кожите, во градот кому му мафтаме од прозорецот на возот кинисан кон еден друг град, дебелокожец и немиризлив
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
До крајот на љубовта, како што беше рекол Леонард Коен, ако љубовта воопшто има крај.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Оптегнувањето никогаш не било лесна работа, а не пак танцот сам со себе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некој веќе ми беше рекол дека кој има многу, може да изгуби многу.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таа имаше сокриено еден златник, вистински голем златник, којшто ѝ го дал дедо ми, пред заминувањето, познавајќи ја добро алхемиската душа на својот син. ѝ беше рекол да го употреби во вистинското време, кога децата ќе бидат најгладни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Штотуку го уби коњот, кога, гледај чудо, овој се преобрази во принц кој, да не беше јунаковата послушност, ќе мораше засекогаш да остане бедно истрошено коњче. 18.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само што тргна, коњчето рече, „Погледни ми во увото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе пронајдеш во него метално топченце. Фрли го пред нас и ќе појдеме по него каде и да оди“. Принцот без двоумење направи што му беше речено и така, водени од случајот, тие пребродија многу опасни ситуации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира и нејзе и бев рекол нешто што требаше да значи дека сум зачуден од нејзиното решение да почива токму таму, на тумбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само здравје! И нека не те плашат болките што идат од зборовите. Труди се да ги одминеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Сирењето е многу солено“, бев рекол, а потоа и свикав „требаше да земеме вода!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов го видов дури кога дојде доволно близу до прозорецот за да ми ја запре светлината и да ми соопшти дека колата со сандакот пристигнува; а јас пред да ја слушнам новината всушност го видов неговото, како што пред тоа се беше изразил, разведрено лице. (Или не беше рекол ништо слично?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега тврдеше дека немал намера тоа да ми го рече; дури воопшто и не планирал да ми спомнува такви глупости, нему тоа што го рекол му се испуштило, и тоа сосема случајно; а потоа објаснуваше, објаснуваше...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова ми го беше рекол во врска со непристојното однесување на еден од моите соученици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му подреков дека животот многу ги цени скривалките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност и не и бев рекол нешто посебно, туку само ја бев прашал: - Покрај добриот видик од тумбата дали постои и некоја друга посебна причина што може да го оправда твојот избор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност бев рекол: „Кревам рака само по јаболко што и без тоа тргнало да паѓа“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но заборавете ја мислата што ве мачи: јавно изразени чувства или симпатии во дружењето со Басотова не беа изречени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ми беше рекол: „Сметај се себе си за младо збунето момче што ќе ги надвладее тешкотиите. Одреден си за праведноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега веќе гледам дека ваквите размисли не биле само обид за договор со иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По кој повод го беше рекол ова?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Каде е тој коњ што не сум го видел?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А само малку подоцна, она што го беше рекол дотрча да го одрече Мал Борче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Јас не се чудам" и реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И од поткопаната мисла, како од поткопан брег од водите, во моментот на уривањето многу непредвидени зборови па дури и цели реченици може да се истурат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеле да изградат седало на оџакот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со слична цел (да обескуражи секое избрзано решение) беше и она мое укажување дека секогаш постојат и додатни опасности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас навистина се зачудив. Не гледав никаква разлика помеѓу она колкав бев поминатиот ден, и колкав ќе се разбудам уште утре".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Што се чудиш", ми беше рекла еднаш без да ми објасни за какво чудење станува збор. (Веројатно и бев приговорил за измешаноста на настаните за кои расправавме).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, токму така еднаш бев рекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ти, речиси, веќе си втасан таму“, ми беше рекла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој разговор го водевме неодамна; само неколку дена пред да си замине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ме прашуваат за некаков бел коњ? - ѝ бев рекол еднаш одамна на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самиот се зачудив од лутината на мојот глас, а ме изненади и сознанието дека всушност и се обраќам на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лично беше слушнал дека ме нагрдува со лошиот прекар копиле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност бев рекол дека секоја иницијатива е в ред но под услов да не се пречекоруваат границите на разумноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму така и бев рекол на Цвета во нивната плевна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ако сакаш мојата желба да ја поврзиш со нешто многу конкретно или повидливо - појасни таа - тогаш еве, јас ти понудам и други нешта за кои би можела да ти зборувам со денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Дури и во случаите кога ќе се земат предвид сите околности, многу често не се постигнува посакуваната цел“ додадов, за да го намалам учинокот на она што можеше да се сфати како насрчување а ми се беше лизнало од јазикот онака, сосема случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно вака гласеше мудроста што ми се откачи, и тоа во миг на невнимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Завршува и овој школски одмор!“ беше рекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам, кога дознав за случката со штрците, на работниците им бев рекол: "Ах тие глупави штрци!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тука на 25 март 1949 година се одржа Вториот конгрес на Народно-ослободителниот фронт на кој беа донесени одлуки за поголемо учество на Македонците во граѓанската војна и беше речено и повторено дека грчите комунисти ќе им направат македонска држава, за разлика од онаа во составот на Југославија, но пред тоа ниту еден Македонец и Македонка да не остане надвор од борбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дотогаш јас ја знаев само како лик кој набљудуваше низ прозорецот, а потоа нејзиниот татко му беше рекол на брат ми дека во нивниот дом сега доаѓа неговиот колега од факултетот, доктор Ернст фон Брике, сликар – аматер кој почнал да ѝ држи часови на ќерка му, и кој побарал на часовите да доаѓа уште некое дете, затоа што така би се постигнала подинамична работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара беше една година постара од мене, и имаше три години постара сестра, Берта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
При сѐ што беше речено погоре за новото течење во развивањето на националното самосознавање кај нас, ми се чини оти мнозина од вас во моите мислења и зборови ќе видат само една мистификација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ха, ете сега - беше рекло - чунки јас је знам на цареа ќерка што нишани имат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го сторил син му од царот тебдил и го пратил кај момчето да купи еден од зајаците, колку пари ќе сакат, толку ќе му даел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сите беа рекле и поверуале, та затоа до ден - денеска се прикажуат за штркојте оти се луѓе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Дај сега, татко - му рекло - уште двата клуча од двете одаи да видам што има внатре, ако сакаш уште еднто јаболко да ти го даам, да го изеиш и да провидиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сите погодуале по тавмин нишаните од цареа ќерка, арно ама никој не беше погодил, чунки никој не знаел што нишани имат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ле - лех, мори сестри - беше рекла едната на другите - бегање не пери нам, друго ништо!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така беше рекол и на определениот ден, кога беше заповедано од царот да се зберат сите ергени, беше ошло и момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едни така рекли, друзи инаку, најмногу беше рекле, да се ресат уште 3 - 4 глувци и стаори, да појдат до него да видат, дали се вистина покајал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Друг еден маривет беше измислил царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Знаејќи момчето што нишан имала, му излегло пред царот у му кажало на царот нишаните.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А сакаше само да ја запознае таа жена што пишува приказни, толку „срчано“, како што му беа рекле, и толку духовито, вистинито, толку нереално точно, што мислеше дека не може да не ја познава.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нешто беше рекла, некоја неразбирлива клетва, како: „чума да ве удри, да ве откорне“ , ама неразбирливо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе не стои во однос на било што; веќе нема никаква моќ над просторот, беше рекол еднаш; лежеше речиси непрекинато и едвај се придвижуваше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Братството, беше рекол тој, никогаш не се обидува да ги спаси своите членови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Во моментот кога тоа се случува“, беше рекла таа, „ти навистина мислиш така“. Тој мислеше така.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тие не можат да ти влезат во душата“, му беше рекла таа. Па сепак можеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тоа што ти се случува овде е засекогаш“, беше рекол О'Брајан. Тоа беше вистинскиот збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Да сакав“, беше рекол О'Брајан, „ јас можев да реам како меур од сапуница.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сѐ зависи од тебе“, беше рекол О'Брајан; но тој знаеше дека не постои никаков свесен чин со кој би го доближил стрелањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не беше сигурен дали е тоа гласот на О'Брајан; но беше истиот оној глас што му беше рекол „ ќе се сретнеме на место на кое никогаш нема мрак“, во оној другиот сон, од пред седум години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Ќе се сретнеме на место на кое не постои темнина“, му беше рекол тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали манастирските одаи понекогаш стануваат Фабрики за свежи сонови Од коишто како што некој беше рекол Будењето е еднакво на умирање?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Како што одамна беа рекле Предците на новодојденците од Македонија Еден народ троа брлив троа чуден Таму некаде од некакви балкони или балкани Којшто уште од древни времиња Ги слави само поразите И севезден прераскажува свежи соништа Свежи самоклеветења и самобербатења
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Татко некогаш ѝ беше рекол на Мајка дека некои книги се живи и можат да одговараат на поставени прашања!?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој во животот никогаш не ѝ беше рекол дека ја љуби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На залезот од животот на Татко, најстариот брат, не без тага во душата, му беше рекол дека е време, според неговото сеќавање, според сеќавањето на Мајка, да ги состават семејните стебла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во шега, во една пригода, ѝ беше рекол на Мајка дека во книгата си ја има вечноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– „Сполај ти, Господи сполај ти, што не било да биде, човек штрк да биде“, сите беа рекле и поверувале, та затоа до ден денеска се прикажува за штрковите оти се луѓе.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие и други зборови беше рекол стариот и беше си умрел, и тамо беше го закопале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Еврејката Нилика, во овој ист, за жал исчезнат во Земјотресот Пасаж пред да замине за Израел ми беше рекла дека долго избегнувала да шета по Пасажов за да не се среќава со спомените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Си бев рекла, ако се случи тоа нека се случува на некоја од патеките на убавите соништа...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Навистина, наше Маре е една од најличните; веројатно ширела убаво чувство додека го јавала белиот коњ - беше рекол еден од селаните заборавајќи ги коментарите што ги изрече час порано во врска со заечката нога. – Таква убавица да клајш на чело на колоната е најголемата пофалба на победата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но беше рекол дека тоа го сторил сосема случајно и без некоја намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Иако беше рекол дека "прилично се снаоѓаат", таа знаеше дека тоа прилично се снаоѓаат се однесува само за него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нас ни беше речено дека ќе видиме. Дека ќе биде јавно. Зошто се криете?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Катерина ми беше рекла дека нема ништо против ваквите манџурии, но требало да внимавам на имињата. Прескокни го она руски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што го бев рекол на излегување од сивата зграда , еве, можев и пред оваа визита да го спомнам без да ја навредам вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со овој впечаток останав и подоцна, кога неочекувано се јави гласот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, од тој момент останав со впечаток дека прстите на Грофот се без нокти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога го беше рекол ова не пропушти да си ги разгледа јаготките на своите прсти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И самиот во еден момент беше рекол: Празнината што се отвора по заминувањето не ја пополнуваат зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да ме очекуваше иако сушност Утринава не ме беше поканил туку само беше рекол дека навечер можам да го најдам во таа кафеана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ѝ бев рекол на Катерина дека ваквите манџурии може да потсетуваат и на руски боршч.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но и да го бев рекол беше очигледно дека иследникот воопшто не ме слушал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А Господ додаде: - Нели ќотекот господ го измислил, така тврди народната мудрост а јас ја почитувам таа мудрост и не ја доведувам во никаква врска со религијата - а потоа најде за потребно да додаде дека и оваа наша власт, иако атеистичка, ја почитува традицијата на ременот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На еден од состаноците на Разбудените умови ми беше рекол Софрониев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека реченото можеше слободно да се смести во графата обично губење време, а инаку, во себеси, но под јазикот, го прпелкав и оној друг исто така метафоричен исказ во кој беше присутна тепаната празна слама!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веќе не знам ни кој беше рекол дека само вистинските зборови се лепат за хартијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Јас и сега сметам дека тоа не беше никаков случај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова, за волшебната моќ на камшикот го бев рекол јас кога спомнав дека еден силен удар на камшик може да расплетка многу смотани раце и нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И што можев друго да сторам освен тврдоглаво да го повторам она што веќе го бев рекол.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Да, имавме тешка ноќ - повтори како да се уверува самиот себеси дека било токму така како што беше рекол предмалку и истури една добра количина од течноста во поткрената зината уста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изгледа нешто ѝ беше рекол.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако мајка му ништо не му беше рекла на Трајче, првите денови откако таа се разболе, му се чинеше дека му е лута...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ми беше рекол оти му се смачил животот по бараки и оној војнички казан од кој можеш да зафатиш со водата само ориз и моркови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој подоцна ми кажа дека она што му го бев рекол за Инглис, Бог и дедо ми, вредело деведесет и пет проценти од неговото оздравување. 54 Margina #21 [1995] | okno.mk Моите забелешки на татко ми, како што подоцна открив, би можеле да се наречат „интерпретации”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Немав никаква идеја во тоа време дека јас правев интерпретации на татковиот трансфер од дедо ми на бог и на шефот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Може ова ќе ми биде последно играње, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од највисоко на најниско ќе падне, рекол, и вие ништо не ќе знаете за неа и за нејзина душа ќе раздавате, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небеска може и без вода, беше рекле, ако треба може и без дишење, беше ми ти рекле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Водата за неа е 'рѓа и зер, беше рекле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој ќе ѝ даде капка вода, беше рекле лекарот и командирот, тој си ја потпишал смртната пресуда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нека се вика Небеска, беше рекла жената, мислев дека е падната од небо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Животот заслужува и овде да има живи, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога тајфата, по некоја година, се вратила во Влашко, Коте Клунков беше рекол дека другпат секого ќе го земе со себе на печалба, само не Петрета Маљанов.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со сила добрина не бидува, беше рекол помирливо игуменот, и нашиот Исус Христос тоа го проповедал, а тој што е зулумќар во зулум и ќе си ја догори свеќата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Посреќен е тој што дава од тој што прима, му беше рекол Марко, прегрнувајќи го.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што беше рекол за верата Марин Крусиќ?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не беше рекол ни збор, ама и не се клонеше од својот куц зет, кој оптрчуваше наоколу како џуџе кај налбатин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Сакам сега син“, ѝ беше рекол дрско. „Мисли му се ако излезе пак ќерка.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Целиот град веќе врие, вели пашо“, му беше рекол овој на својот измешан јазик, откако му кажа зошто беше дошол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)