бев (гл.) - реши (гл.)

Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стариот беше решен да се стрпи уште малку, дури да дојде крајот на школската година, па после нека си одат од каде што дошле и сѐ ќе се сврши како што треба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Си се тепал?“ строго праша тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не беше ништо страшно. Не ме боли...“ реков, „зошто за една гребнатинка да ве вознемирувам на работа“. Не реков ништо за крвавата маица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да, се тепав!“ бев решил повеќе да не лажам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Оваа лубеница таа ја нарече своја и црсто беше решила дека не смее да се јаде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но и јас бев решен да одам до крај. И тоа и го сторив. Многу бргу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очигледно, во борбата со телото на Луција, тој се беше откачил и беше решил да го промени сопственикот. Го ставив во џебот, а трпки ми минуваа низ грбот. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција плачеше, Фисот стоеше до мене и ме принудуваше да го изедам есејот; јас јадев, од инает, затоа што бев решен да не дадам повод за никаква агресија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се ближеше роденденот на нашата мајка, и бевме решиле сите да се собереме во нашиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со денови ја средував куќата, ја подготвував храната, а вечерта на осумнаесетти август гостите почнаа да пристигнуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш беа решиле да го убијат и кога надмено се повика на своето римско граѓанство за да го ослободат од прангите (еве и сега си ги протри и двата зглоба на рацете што секогаш го здоболуваа кога се сеќаваше на Ерусалим), тој ноќта ја помина во молитви.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот пекол беше дома па тој беше решил да се дружи со ракијата и трската.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас сум нешто подруго, заправо, бев решил да го урнам она што и тебе те унизува.. . сега не сум поарно од тебе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи јас, во договор со адвокатот, бев решен да не скријам ништо од тоа, немав намера да ја осудувам за истата постапка Ема, доколку таа решила да го прави тоа, но сепак, попусто обидувајќи се, без јасно сознание зошто тогаш имав потреба да ја следам бледата неонска светлина што се шеташе по масата и по папката со материјали од досието “НиЕ”, се прашував: од каде таа решеност двајцата да бидеме докрај отворени, која е целта на таа наша согласност, ако е точна мојата претпоставка за таквата согласност, и: во чиј интерес е сето тоа?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислам дека е јасно - Ана (Маргарита) ќе тргне по секојдневниот или пак случаен пат, додека кај мене тоа беше работа на одлука, јас бев решил, уште и пред да влезев во возот, дека доколку некој упадне во играта а се симне на Данфер-Рошро, мојата врска ќе биде линијата Насион-Етоал, како што во случајот Ана (Маргарита) да слезеше на Шатле, можев да ја следам единствено доколку ја фати врската Венсан-Неи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беше решен: доста е со ваков живот. Собата му стануваше тесна, во стврднатиот воздух се нишаа шумови и мртви мириси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред моите очи го забележав мајкиното писмо на кое вчера бев решил да одговорам денес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа Татко реши да се вмеша, впрочем, така и беше решено да се работи, низ спротивставување на мислењата до заеднички заклучок: Претходниците на османските јаничари беа римските преторијанци, кои првин беа регрутирани од Италија, а потоа ќе се најдат во неа војници од странско потекло како Балканци, Шпанци, Германци и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше и други моменти, кога беше решен да не признае, кога секој збор мораше да му биде изнудуван меѓу два лелека од болка, а постоеја моменти и кога немоќно се обидуваше да прави компромиси, велејќи си: „ Ќе признаам, ама сѐ уште не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секој случај, едно прашање беше решено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лекарот се беше решил дури ни на Елена да не ѝ кажува за првите знаци...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да се советува - не ѝ требаше. Беше решена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше решен дефинитивно да замине по текот на овие води, да го следи патот на јагулите…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се сетив дека бев решил да ја разлабавам вратоврската кога ќе влезам во канцеларијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зошто да не го прашам кого го чека?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев решил случајно ако го сретнам зошто на пример да не му се обратам?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, рече лисичето, твоето кожувче е подебело, ти првин капи се - ти прв и беше решил.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Уште ни не бевме решиле кој во која уличка да сврати а веќе нè престорија во стадо што мораше по истиот пат да се врати на бродот. Ќе ме прашаш како се чувствувавме?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)