бев (гл.) - роди (гл.)

Не се беше родил тој што ќе ја издржеше силата на нејзиниот вжарен поглед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа успеа да стане чувар на куќата во која тој беше роден и го чуваше стариот гуштер во бавчата, кој имаше обичај да си го влече огромното тело низ дворот и крај пчеларникот, или со часови да лежи на сонце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но, тој ниеднаш не ги молеше. Тој просто не беше роден за да може да го прави тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше дека му претстои само уште да си ги собере сите преостанати сили, за да може уште еднаш сосема сам да му се врати на оној, неговиот живот, на овој живот, за кој беше роден и во кој единствено можеше да продолжува да биде она што е.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со нив беше роден секој од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата земја, целата бела кристална палата на Долината, сите пречисти голини на далечните сртови, исто онака, како и најситните прачки во околните дрвја, празнуваа: беше роден Денот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Завистина, на годината беше родила едно машко дете со ѕвезда на чело, арно туку кучки сестри, зависливи, беше му го зеле детето и беше му го врлиле по море и наместо дете беа 'и клале едно машко куче малечко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Бре, да куче роди, а! Ја земете 'а таја кучка и врлете 'а во темни зандани! - им рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)