бев (гл.) - содржи (гл.)

Кога Татко изоде неколку чекори по уличната калдрма, додека познатите топоти од неговите чекори сѐ уште одекнуваа во нејзината свест, како тивка фуга на заминувањето во кое беше содржан и звукот на среќното враќање, Мајка истури ѓум со вода, зад Татковите чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сето тоа беше содржано во тој прв чин. Ништо не се случи што ти самиот не го предвиде.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Крајот беше содржан во почетокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во неговиот ум беше содржан Винстоновиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонот беше сѐ уште жив во неговиот ум, особено она обвиткувачко, заштитничко движење на раката, во кое како да беше содржано сето негово значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку и да се пластеа подоцна во мојата свест албанскиот мајчин јазик, македонскиот јазик на моето школување во Македонија со другите јазици како и српско-хрватскиот, бугарскиот, па францускиот, италјанскиот, германскиот, другите јазици на моето школување, остана жив засекогаш бабиниот аманет од заборавениот турски јазик, бабината синтагма а kapi, во која како да беа содржани пораките на сите учени и недоучени јазици!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Музика во која беа содржани сите комбинации на пронајдените и непронајдените ноти, што истовремено се сведуваше на трите елементарни гласа вплетени во меѓусебна звучна игра.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега несетум се плашевме уште повеќе од иднината, зашто во неа покрај стравот од смртта на татко ми и мајка ми, беше содржана и смртта на нашето козле.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Сепак дојде! - со прекор во гласот ја изрази Величковски својата зачуденост, но истовремено беше и насмеан, и во таа насмевка беше содржано и објаснувањето дека токму мене ме очекувал.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во таа синевина беше содржан летот кон небото, сите наши бегства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)