бев (гл.) - сошие (гл.)

Влезе во дуќанот и скршена од болка, додека ги прередуваше незавршените костуми, го најде свадбениот костум што Јехуда си го беше сошил за сопствената свадба, го доближи до лицето залудно обидувајќи се да го почувствува мирисот на нејзиниот син од необлечениот костум и се струполи на земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ранетиот како да беше сошиен за смрзнатата земја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Соседите од нивната улица ги затворија во логорот на Бањица, а Јехуда, во потрага по својата Алегра успеа некако да издејствува да го затворат тука, со нас, на Сајмиште.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Долго се мачеше да го крене и да го качи на себе. Ранетиот како да беше сошиен за смрзнатата земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го фатија палтото на татка си еден одваму другиот од другата страна, го подистресоа, го подистегнаа и кожувот беше сошиен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Томето беше во едноставна сукња со нежна, фланелска блуза, стегната во темно син мантил и темно сини чевли на ниска потпетица, а Христина имаше многу убава пелерина која ѝ ја беше сошила Томето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)