бев (гл.) - стане (гл.)

Дури и кога излезе од гробот и седна на соседната плоча, речиси ништо не чувствуваше: неговите движења беа станале тромави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот се помрдна но ништо не осети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чанга беше станат. Козите беа излезени од шталите среде пространиот двор на куќата на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Подоцна кога дојдов во Маказар, кога се вратив за стално, веќе тропаа кофите и местото кај бунарот беше станало едно место за собирање навечер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
6 Бев станал рано. Сонот ми беше испрекинат. Спиев од петли до петли, што се вели.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тоа време пристигнаа Толевци, водени од Гуцето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами ако не беше станат аскерот, шо ќе станеше денеска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За него снегот не беше станат; тој беше потиснат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие беа така ретки што беа станале скоро духови, пропуштаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога Мајка влезе во болничката соба, Татко беше станат, раздвижен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој беше станат и го разгоруваше огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Провокаторите беа станати. Чекаа само знак да дотрчаат до мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тогаш Том шантајќи се на своите рамни стапала отиде до масата каде што љубовниот пар беше станат да си оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Негова најголема желба била, пишува Шатев „по секоја цена да не отстрани од Солун, па дури и да умреме во некаква затворска ќелија, само и само да не бидеме во Солун, каде што тој сакаше да биде спокоен за да ги спроведува своите цели како натрапен водач на едно движење на кое тој, поскоро му беше противник, а сега, по една случајност на сложените настани, беше станал раководна личност“74.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи бев станала вистинско сомневало во последно време, и ова што можеби другпат би ми се сторило сосема обично, ми изгледаше сега малку чудно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Да, - одговори тој по куса пауза. Татко ми и порано многу малку зборуваше, но сега зборовите кај него беа станале вистинска реткост.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Марија беше станата, но ја облетуваа новинари и фотографи и ја претрупуваа телефонски повици од сите страни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Било договарано да биде покопан на Пленпале, гробишта кадешто се покопуваат швајцарски значајни луѓе, но тоа не беше лесен потфат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога швајцарските власти конечно го одобрија погребот на Пленпале, тој беше закажан за четврток, 18 јуни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога конечно успеав да разговарам со неа, дознав дека не е закажан денот на погребот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Рацете му беа станале две сучки, две суви ластарки, а лицето грска чемерика, пенушка лозова фрлена на меѓата,огнот да си го чека, да ја спаси.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му станал туѓ, тежок, речиси неупотреблив и го изненади тоа што беше станал сосема самосвесен за секоја и најмала граматичка грешка или несовршен изговор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како да беше станал номад дури и во сопственото срце. Мора да продолжи да чекори...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Да ти зер беше, бре зету? - му рекол царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога 'и видоа домашните, на големо чудо беше станале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Сполај ти, Господи, сполај ти, што не било да биди, чоек штрк да биди!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Отишол тој сам да види и, коа видел, на чудо беше станал и ја ватил, та ја однесол дома и £ ја казал на невестата си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Каде вака, момчиња - 'и прашал ќелешо - сте се упатиле?“ Кога го видоа тие сето позлаќено и постребрено, на чудо беше станале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно ја видела таа позлаќената риба и е текнало оти девојката што ја турнала во бунарот је сторена риба позлаќена.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аман, бре брате - му рекле - колку пари ќе ни сакаш, ќе ти даиме, само да ни даиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кој знај, бре синко, според нишаниве што ни 'и кажуаш, вистина као да си бил штрк - му рекол татко му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога му ја виде Божин ногата, на чудо беше станал тој и сите селани; арно ама пак неќеле да го поверуаат оти бил штрк.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ја видел царо, на чудо беше станал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Томо веќе беше станат од клупата и повеќе од пристојност немо ја допрати до првата такси станица на главната улица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дворот веќе беше станал свртиште на сите комшиски мачки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Шумата, што почнуваше веднаш тука и ги обраснуваше двете високи странки на долината, беше станата сета еден раскошен бел вез, во кој секое дрво претставуваше по една чипкеста плетенка од окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Минаа повеќе години од првата средба со амбасадорот Лакхдар Брахими во Арапската Лига. Завршија нашите мисии во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој се беше вратил од Тунис во Алжир и беше станал министер за надворешни работи на својата земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минатото беше искоренето, искоренувањето беше заборавено, лагата беше станала вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг тој го фати О'Брајановиот поглед. О'Брајан беше станал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бројчаникот исто така беше станал помалку застрашувачки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На луѓето им остануваше да живеат - и живееја, по навика што беше станала инстинкт - со претпоставка дека секој произведен звук се слуша и дека освен во мрак, секое движење се надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со само малку боја на вистинските места, таа беше станала не само многу поубава, туку над сѐ и далеку поженствена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Семејството беше станало, практично продолжена рака на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзината половина беше станала поширока и, на некој изненадувачки начин, беше стврдната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но џинот беше станал елемент во кој тој пливаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Крле беше станал од билото и ги пречека стоејќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега Битола, со своите сто и дваесет илјади жители, беше станата стог сено во којашто секој поединец не беше баш игла ама не беше ни поголем од шајка во таа огромна грамада надојдена од селата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, едно време, сред зимата, кога божикните снегови беа станати и секое утро тревникот го поткопуваше мраз а дневното сонце го раскалуваше, на местото во еден агол од дворот каде што ја оставаше покосената трева, најде легнато едно изнемоштено жолтеникаво куче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога му ја виде Божин ногата, на чудо беше станал тој и сите селани; арно ама пак нејќеле да го поверуваат оти бил штрк.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога ги видоа домашните, на големо чудо беше станале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откако го рече она за поразените и за бришењето прав од нивните сенки, другарот секретар, неговиот пријател Јаким, видливо налутен, беше станал од бирото и излезе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му реков, веројатно за да го утешам: „Аксја е сега тука. Имаш една грижа помалку“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Какви ли беа станале тие доле под витражот?... Нема утка!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште поглупи?... Посератори?... Типовите од Рочестер, нема сигурно да ги видам веќе!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие беа станале самите фрагмент тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ило веќе беше станата. Ми раскажа како си поминала вечерта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)