бев (гл.) - тепа (гл.)

Понекогаш беше тепан сѐ додека можеше да стои на нозе, потоа фрлан како вреќа со компири на камениот под во ќелијата, оставан неколку часа да се соземе, а потоа повторно одведуван и тепан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгревот затоа што од првите до последните зраци риеја во каменестите планини, а заодот затоа што од последните до првите зраци, истоштени, гладни и жедни покрај вода честопати беа будени и терани да ги слушаат лелеците и криковите на тие кои ноќе беа тепани, горени со усвитена жица, давени во кофи наполнети со човечки нечистотии и дење изложувани на потсмев.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Што да запомнам, Аритоне Јаковлески? - праша Кејтеновиот син како воопшто да не беше тепан; тоа беше негова најголема грешка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)