бев (гл.) - тргне (гл.)

И уште не беше тргнал возот, се запознав со моите три млади сопатника кои беа од околната на Приједор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да беше бев тргнал според тоа како ме поучуваше душата јас одамна ќе стигнев во Големата земја и Големото време во кое е зајдена секаква историја, ќе стигнев во предели очистени од секојдневности, од географии, граници и бајраци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Огнена Гулева или не го сфати или воопшто не ја тревожеше ваквото однесување на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми всушност со тресењето на прстите како да го наговестуваше можното наближување на таа бура, но насмевката не ја беше тргнала од лицето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На дар ми ја даде еден лепрозен од Кападокија, кој беше тргнал во моите краишта спасение да бара, а јас го исцелив од пликовите грозни по телото негово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот не им придаде значење на дребулиите по кои се разликуваа двата записа; беше пресреќен што се потврди дека записот е решен, оти двајца го беа прочитале исто, и оти проклетството засекогаш беше тргнато на страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги лепев стакленцата едно по едно, а бев тргнал од краевите на сликата кон средето, оти така ми се виде полесна оваа ука; тргнав од косата, од перчињата, кон средето, кон очите и носот, и конечно, последното парче го ставив, од устата, во самиот центар на сликата, во точката од средето, во средето на средето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Конечно по долго време, барем така се чинеше, а всушност беа само секунди - таа ја пушти раката на Боб и рече, ”Боб беше тргнал на ручек и јас дојдов со него.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Отидов да го видам, а тој тогаш беше тргнат на ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Барем го вратив онаму, од каде што беше тргнат, мислеше, барем го натерав да се врати во својата стара шума. Беше слаба утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, еве, тој беше тргнат да го оди него кон дома, а наеднаш тоа изгледаше толку просто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога чул Лалата тие зборои од царот, му се поклонил и на часот беше тргнал да одит по цареа земја, да бара девојче умно и разумно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е да, не ти велел да се носите на рамо, бре татко, туку ти велел да чините лакрдии за полесно да ви дојдит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Рипнала жената од чоекот и сторила давија на судот, да си го бара мажа си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, каде е крив оџакот, бре братко - му рекол чоекот - зер така ти се гледа тебе?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чу чоеко гласот од полјакот, беше се уплашил и беше тргнал со пиштолот на ава, ѓоа да го уплашит полјакот ида се истаит, арно ама, полјакот и врлил со пушката, ѓоа и тој него да го уплашит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тука го затече Андон; тој беше тргнал по него, да се доразберат, да ја повторат спогодбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Тоа не е сѐ, - подвикна Тодор и заканувачки се загледа во Бојана, која во рацете врткаше зелено -маскирна кутија од дамското издание на цигарите Генерал и со едната нога беше тргната да излезе од канцеларијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И со тие зборови замина во правецот во кој беше тргнала, брзо и како навистина ништо да не се случило.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Осеќавав, макар да бев тргнала најблиску да одам, макар да сум заодела да слезам само до водата на езерото долу, да, осеќавав, велам, дека тој е некаде тука близу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Небројница пати Трајница беше тргнала накај коријата, накај пелистерските сртови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Беше тргнал сношти повеќе од пагурчето по случај успешно свршената работа, та почна да се жали дека нешто глава го боли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред полноќ, стигна побратимот Гури Порадеци, крајно загрижен што сѐ уште не бевме тргнати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А сѐ беше тргнало веќе за натаму уште кога татко ти одби да оди в црква.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веројатно беше тргнат настрана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ние веќе бевме тргнати за Солун, вели човекот, ама од пол пат нѐ вратија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вие сте едни браќа или братучеди, што бевте тргнати божем на печалба, нели?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
После што облековте униформи без противење како да бевте тргнати да ја барате српската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)