бев (гл.) - умре (гл.)

Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Хм, си велам, ќе ти покажев јас тебе да не бев умрен и при тоа ми станува смешно од помислата на сите оние движења што за тоа се потребни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Само што влезе во вратата почна на глас да плаче, да реди, како тогаш некој да беше умрел.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оде што оде и најде еден извор, та појде и се напи една вода; до изворот најде емиш зрел и си скинал та се поранил, оти беше умрел од глад.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Беше умрен таткото на едно нивно другарче од одделението, а оној што рече да дојдат можеби беше и нивниот учител, заминаа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, наеднаш, и денот како да беше умрен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оде, што оде и најде еден извор, та појде и се напи една вода; до изворо најде јемиш здрел и си скинал, та се поранил, оти беше умрел од глад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден отишол на риби и му се погодило да вати една риба многу шарена; кој да ја види, ашик да се стори од што била рибата шарена.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Силјан 'и слушал тие зборои од жената си и срцето му се корнеше од жал што му идеше; арно ама, каноно, што бил даен од треќата вечер, требало да го тргат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа проговорила чумата и беше го испоганила царот, татка је, та на часот беше умрел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не ќе жалав толку, Боженце - си велела со жалосен глас - за Силјана мој ако беше умрел оовде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам коа в море може да се удаи одејќи на тој пусти аџилак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зер така било повела божја, што је прошетала сета земја и биела чумата луѓе: мажи, и жени на ден по многу стотници, дури и илјадници, за да викаат луѓето: - Себап - онан бог џан'на, на тој што се стори себап и се роди чумата!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ами тука, мајко, во оваа пустелија ќе умрам и орли, врани, месата ќе ми 'и јадат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно, ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспиет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан за ти, мајко, да ми палиш свеќа и да ми раздаиш задужбина.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Синот на инженерот Ајфел, зашто великиот татко веќе од пред повеќе години беше умрен и погребан, пребледе како крпа. Зар бевме во можност да се бориме?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве го Претседателот со цилиндар и редингот, во кралска кочија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Цветан му беше врсниче, нѐ делеше само јалицата, само капајцата. Ама Цветан беше умрен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)