бев (гл.) - јаде (гл.)

Тенка од изгладнетост, лапаше како да не видела храна, и, навистина, последното што го беше јадела беше натопен леб помешан со конзерва сардина, па сушен на сонце.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неговиот проект прикажува дванаесет иконокластички моменти на модерната и современа уметност, почнувајќи од цртежот „Erased de Kooning“ (1953) на Rauschenberg до поновите катастрофи како што се деструкцијата на сликата „Далеку од јатото“ (1994) на Damien Hirst од страна на Mark Bridg- er и проголтувањето на скулптурата (1989) на Robert Gober од страна на Ed Brzezinski.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше глад. Мислеше од кога не беше јаден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да се потсетиме на фактот дека не сите форми на уметничкиот вандализам го изразуваат духот на раниот Модернизам преку поучниот цитат во Њу Јорк Пост: „‘В ред, бев гладен,’ рече Brzez- inski, ‘Пиев, но ништо не бев јадел цел ден.’„ Brzezinski се наоѓаше во Cooper Галеријата за да ја види новата поставка на Роберт Гобер...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секој од нив не беше јаден по неколку дена, лошо спани, криејќи се по плевни и бавчи, поцрнети од умора и глад, личеа на претепани ајванчиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А вие Ахиле, уживавте ли во вечерата? Многу. Досега не бев јадел кинеска храна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)