бев (гл.) - јасни (гл.)

Но и Петар како и тој добро знаеше дека Павле, своите писма си ги корнеше право од душата и дека тие беа јасни како езерска вода, оти и љубовта што ја имаше кон Бога, кон Учителот и кон луѓето за кои пишуваше му беше таква.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш до крај не ѝ беа јасни тие роднински врски.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Аналогијата, но и алузијата, кои произлегуваа од Игоровото кажување, беа јасни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Процедурите беа јасни, со потписот Рада се откажа од рожбата без можност за враќање и менување на нештата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Рада некои работи не ѝ беа јасни, затоа побара објаснување од Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тука работите беа јасни. Остануваше мал простор за тактизирање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)