бев (гл.) - им (зам.)

Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, во оваа сабота беше им била друга целта на насилниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се плашеше од последиците на директивата, за кариерата, од одмазда на оние на кои беше им се замерил, со тешки последици за нив, додека беше на власт, а тие не беа малку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оттаму почнаа да ја наслушуваат надежта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)