бев (гл.) - некој (зам.)

Гого не беше некој примерен ученик, зашто од секоја тетратка правеше цртанка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жената ѝ беше некоја далечна роднина, поправо посвојче во пошироката нејзина фамилија; но колку и да се чувствуваше приврзана кон нив, тие сепак ја сметаа за туѓинка, ако не и за слугинка, и ја дадоа за жена на првиот човек од улица што ја посака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа беше некое ниско човече, се гледаше - патено и напатено, и кога ќе го видеше човек, мораше да почувствува извесно сожалување кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сè што се случуваше, откако ја доби лошата вест, беше некоја комбинација помеѓу пловење и лебдење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Колку и да ја озборуваа селските жени по селото, тоа и беше и не беше некое чудо, ама еден летен ден, ужина време, ете ти го еден нејзин близок роднина со автомобил со ковчег одзади и со заамкана курбла на моторот напред, брчало, како што го завикаа брезничани, и кое кога посилно ќе го завртиш, автомобилот збрчува, почнувајќи целиот да се тресе како куче оставено на дожд.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Единствено што сета оваа бескрајна празнота на убавината ја исполнуваше беше некоја нечуена космичка убавина што опива за да понесе уште подлабоко во својата убавина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прво, тоа беше некој по раст среден човек со неправилно тркалезно-плоскато лице со нечиста, мозолесто-црномурна боја на кожата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа беше некој вид принесување жртва во слава на Христовото рождество.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш за божиќните празници, допуштено беше да се улови и убие и најсветата птица, гугутката, или уште како што ја викаат во некои Пелагониски краишта, во Леринско, галицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа не беше некоја голема загуба. Само четири пилиња!
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На крајот на краиштата, Џуди Гарланд баш и не ѝ беше некоја икона на мојата генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дознав за неа дури кога морав да загреам столче за да можам првпат да го предавам предметот „Како да се биде геј“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Погледи на разделба (Parting Glances) за тогашниот геј-живот во Њујорк – еден од оние нискобуџетни, независни квир-филмови кои на новинарите од ТОНИ веројатно би им биле „невпечатливи“, а за кои јас, ете, имам високо мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури ни јас не знаев речиси ништо за Џуди Гарланд кога бев помлад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи таа го познаваше неговото семејството и сето тоа и беше некоја гаранција дека сепак ќерка и е во безбедни раце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Уште некој период ја гледав на клупите во парк дес восгес, но тоа беше некоја друга Ангела.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Тоа беа некои магазини и коњушници во кои беа сместени нашите. А погледни на кај полето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој не беше сигурен дали Ружди знае дека дедо му е само учител, но и да знаеше, сигурно тоа не беше некоја голема разлика за него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш никому не му кажа дека овој копнеж по нешто што требало да го доживее, а не го доживеала, сè почесто ѝ доаѓаше колку што беше постара. Tоа и не беше некоја посебна тајна, но за неа беше толку интимна што не можеше да се присили да им ја каже дури ни на најблиските.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Понекогаш си мислеше дека не ја сакал доволно, или дека ја мамел, или дека таа, мајка ѝ, не го сакала доволно, па нејзината болест беше некоја божја казна за тоа нивно недоволно сакање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше некоја чудна завист, што ги здружуваше уште посилно со тој негов сосед и во тоа немаше ништо навредливо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тропаше долу, ниско, во неговите нозе. Беше некој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше само да гледа во густите роеви снежинки, во чие што виорење не постоеше никаква разлика од вчера, завчера, чиниш денеска воопшто не беше некој друг ден, погледот пак му заскитуваше во таа маглива, бела шума од снег, еден болен човек со она чувство за умирањето во своите мускули, нараснато во него повисоко од неговите рамена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со нив ноќта како да беше некоја морничава стонога, која секој миг го притискаше сѐ потесно кон тоа стебло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа беше некоја чадлива недогледност и болно недоверливата мисла, озлојадена од гласот на офицерот што му одекнуваше тажно во мозокот, се упатуваше таму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа беше некоја жива жица, преку неа се дофаќаа сите тонови на светлината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тоа беше некоја негова способност да ја направи поднеслива секоја случка, да ја исуши и претвори во бескрајно зборување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да беше некој друг, ќе те изгореше“, ме испрати пријателчето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се состоеше од предавање на постари напредни младинци (и младинки, разбира се) на кои што барем во мојот случај политичкото комесарвање не им беше некоја јака страна.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дали жуборењето на меурчињата од црвената конзерва ни беше некоја мистична комуникација со некој друг, многу поинаков свет?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Така беше - Гавранот го бранеше Ценета а тој беше некоја врска помеѓу љубовниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да не беше Жаклин, да беше некоја друга жена, ќе поверував дека...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А ако беше некоја стока голема, имавте прао да дојдевте при мене, а колку за овие мали работи не требаше да дојдите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еве што марифет имаат - му рекле, - честит царе; шапкава да ја клааш на глаа никој не можи да те видит; опинциве да и обуеш, сета земја во дваесет и четири саати моиш да ја изодиш; со шупелкава да засвириш, сите ѓаоли можеш да 'и собереш; а со стапчево да намавнеш триста души наеднаш моиш да отепаш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Има посебна сигнализација за сообраќајот - внимателно ѝ објаснуваше Саво како да беше некој кустос, кој знае да ги објасни сите детали за Петроварадинската Тврдина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Е, де, ако не беше ти ќе беше некоја друга! - се сети Никодин. Но, не велам дека и вака ми е лошо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Суви ветрови летаа низ небото, оган. Можеби беше некое непознато годишно време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше некоја малечка сликовница, никој и никогаш не ќе може да објасни од каде и како беше створена во домот, малечка сликовница на која беше прикажана една мошне привлечна жена во различни пози.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зар едноставно беше тоа некој мал кеиф, о, се колнам, тука беа чувствата вмешани, тоа беше некоја страшна, длабока сила.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислиш дека тоа беше некој изговор, начин, за да те придобијам?“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ема ја познаваа и двајцата, не беше некоја убавица по која се врти старо и младо додека поминува низ градските улици, но не беше и грда девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да беше некоја друга на твое место, сега ќе тажеше, а ти сакаш да напишеш творба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби тоа беше некоја нејзина потреба да ги преиспита нештата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чувствуваше дека станува злобна. Тоа беше некоја нова состојба што ја откри кај себе...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— Имаше право Митре, бидејќи овие војници што беа спроти него не беа некои други ами неговите селани — мариовци, што ги дотераа Бугарите да се толчат еден спроти друг, како тие со брата си Петрета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Барем да беа некои роднини, ајде, де, ами овие — сите три јабанџички, а меѓу нив — Неда. Што да прави сиромав!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја пречекале сестрите, но како да беа некои други, а не родени сестри.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А она, што имаше храброст да го посакува и што го исполнуваше со надеж, не беше некое недостижно здание од соништата што ќе исчезне кога ќе ги отвори очите, туку вистинска светла градба со цврсти темели која постоеше и кон која веќе наближуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ученичките што го викаа „срцушко!“ и не му беа некоја мета.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дојде дома од работа, ја тресна вратата и продолжи со гласното туширање, потоа ги намести сите потребни артикли за готвење на масата, и сиот свеж, радосен, агресивно намирисан и оптимистички настроен, тргна кон соседната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој беше некој штрклест, но благ човек, дури и пушката не му прилегаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може и тој да беше некоја изгорена душа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурно беше некој хангар за добиток пред транспорт.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може да беше некоја згрутчена светлина од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А како да беше некој друг...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знам што беше причината, дали грижата за неа или што ја бацував кога низ устата ѝ течеше крвава пена, можеби беше некоја инфекција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакањето беше некое чувство на задоволство кога ќе се сретнеа и кога заедно ќе си играа во дворот и градината, иако на крајот играта завршуваше со плачење од страна на Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кој беше тој? Да не беше некој блиску? Првиот? Подалечниот?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој беше некое битолско градско уличарче, ама тука со партизаните тој месеше, тој печеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојдоа некаде каде што тротоарот, поради тоа што тука имаше една голема зграда чие приземје беше некоја стоковна куќа, беше скоро тројно пошироко бидејќи зградата беше значително повнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сврделот за цело време беше некоја клечка во Комитетот, но Комитетот нему му беше заштитниот знак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Или кога ќе се наведнеше врз мијалникот во кујната истакнувајќи го својот заносен задник високо кренат врз тие краците нејзини како да беше некоја срна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не, тоа не беше некоја песничка што може да се прочита од книга и да се научи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)