бев (гл.) - баба (имн.)

Каква ли ќе беше баба ми ако и тие беа живи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од сите, најинтересна беше бабата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден ден се нафрлија на последниот стог сено на Нисе во дворот каде што беа баба Трајанка и Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во куќата крај брегот на Езерото, под Италијанците, живеевме ние, со вас, а во другата куќа, под Грците, беше баба ви, со вашиот чичко и неговото семејство, со нив беа и вашите тетки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш не се согласи со фактот дека се мртви.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)