бев (гл.) - болка (имн.)

Најлошо од сѐ беше болката во неговиот стомак.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој затрепери. На ред беше болка, некој нов вид болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствено што ѝ остануваше беше болката да ја канализира во еден правец, а таа со учењето да тргне во друг правец.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Болка? Не, тоа не беше болка туку нешто пострашно и понеобјасниво.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Понекогаш се враќаше со изненадувачка ненадејност, без претходно предупредување, како нешто живо во неа, што било заспано, па се разбудило од силен удар и било гладно и имало потреба да го нахранат, а неговата цена беше болката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мојата мајка Амалија Натансон уште била во годините на невините мечтаења кога нејзините родители, без да ја прашаат, го договориле нејзиниот брак со трговецот со волна Јакоб Фројд, кој веќе бил вдовец и тукушто станал дедо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нешто како тивко капење на крв од скриена рана. Капка по капка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нешто како тивко капење на крв од скриена рана. Капка по капка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа промена на нејзиниот поглед и изговорувањето на оние зборови траеја кратко, сосема кратко, но остануваа со мене и кога во нејзиниот поглед и глас се враќаше љубовта; ми се вовираа таа омраза и тие зборови дури и во соништата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од мојот живот беше болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш застанував крај прозорецот и ги набљудував оние во паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од мојот живот беше болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бавно, бавно си ги принесував прстите до стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од тие нејзини зборови се плашев како од смрт, заради тие зборови си ја посакував смртта: посакував да умрам, и мама да жали над моето мртво тело, со својата тага да биде казнета за тоа што на почетокот од мојот живот беше болката, тогаш, кога не знаев дека болката ќе ме следи целиот живот, како скриена рана од која капе крв, капка по капка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од мојот живот беше болката, таа рана разранета од помислата дека моето постоење за мама значеше несреќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш останував во собата – мојата причина беа болки во стомакот, или главоболка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Часови потоа, додека се освестував, прво што почувствував беше болката во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби и јас бев болката на нејзиниот живот, или бев онаа точка во која се среќаваа и разделуваа сите нејзини болки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)