бев (гл.) - гостин (имн.)

И така, додека за миг, речиси, од нога, ѝ бев гостин во „Валенхоф“, секој нешто ќе испиеше, ќе ја погледаа сервирката на стереограмафонските мелодии и ќе си заминеа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ете, на еден ваков истурен јазел се наоѓа Уј, па близу него Белгиските Ардени, па уште едно место како Уј - Варем, кое овде е познато и по тоа што е родно место на Лебуртон, еден од претседателите на Социјалистичката партија на Белгија, кој оваа пролет беше гостин во Македонија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
БЕВ гостин кај наши работници во Париз. Времето беше студено, и сите бевме собрани, едно попладне, во приемната соба каде се наоѓаше телевизорот на мојот домаќин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оттука натаму тетин Доне и тетка Фора беа домаќини, братучедите беа гости.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За тоа време овчарите нѝ беа гости на софрата...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Аполинер два пати му беше гостин на Коница во Лондон, кога овој ќе биде во потрага по невозвратената љубов на својот живот Англичанката Ани Плејден на која ѝ ги посвети познатите „Песни на несреќно љубениот”, познати меѓу најубавите во модерната европ­ска поезија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секогаш кога Су не беше на смена, Марко им беше гостин на Су и на Еда каде што тој по правило одеше со пакување „бадвајзер“ или шише вино.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неодамна вечераа во престижниот ресторан „Академија“ во Атина. Тука, двајцата ривали, авторот и Стефанос, ѝ беа гости. „Едо, ова е Стафанос!“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За готвење има електричен и плинско, ама знам како функционира тоа, па и лани и бев гостинка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)