бев (гл.) - задоволство (имн.)

Ти беше задоволство да играш со автоматите, се радуваше како мало дете.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ни првата операција не беше задоволство... но сега... останува уште само една висока цревна фистула, а после воден кревет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Снегот му ги квасеше нозете со својата спитомена мекота, беше задоволство да се цапа по еден таков совладан снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По него беше задоволство да се чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека бев лекар практичар, сега од тогаш веќе има поминато 35 години, ми беше задоволство да излекувам некоја хронична настинка, да лекувам овчи сипаници, да се забавувам со малите сипаници.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Ни беше задоволство. – Тој пак погледна на часовникот и, удирајќи со прстот на сказалките, рече: - Утре во ова време – покажа на деветката – ќе ве чекаме таму на раскрсницата, на почетокот на Руга Анастас Дурсаку и заедно ќе ја бараме вашата зграда... вашата куќа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)