бев (гл.) - клопче (имн.)

Неговата бриткост беше клопче на згазната и смрскана змија додека некој глас, далечен и библиски мудар, повторуваше во него тапо и еднолично: се е суета...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Малечко беше клопчето и конецот го довлековме до тука, а пред нас кој знае колку долг пат се влече, по какви долови и ридови, по какви шуми и трапишта...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа беше клопче на раце и нозе заплеткани до победата на некој од нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)