бев (гл.) - момент (имн.)

Тогаш кога најмногу бев убедена дека се срушил светот во мене, тоа беше моментот на моето просветлување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа беше момент каков што ретко го чувствуваат и можат да го поднесат сите луѓе кога смртта им се приближува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа беше момент на несигурност, сѐ дури да проговори неговата повреденост во бес на маж одбиен по толку мисли и тајни надежи, одбиен од жената која му е в куќа, чиј кревет е еве тука, од жената за која мислеше дека барем донекаде ја подвластил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Всушност тоа беше моментот кога Иван дотрча и кога рече дека по се изгледа на патот излегле змиите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Какви змии - прашав? – Од каде овде змии?.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури во еден момент се посомневав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше моментот кога помислив дека треба да и соопштам на мајка ми за моето заминување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Не дека ќе те напуштам засекогаш, но ова мое заминување ќе потрае", речиси шепотев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку обично беше решението што го донесов, а толку грдо ми се чинеше кога требаше да и го соопштам, иако знаев дека таа нема да го слушне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го рече ова, скокна од мојот скут и отрча кон ходникот Тоа беше моментот што го избрав и јас за да избегам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сè ми се чинеше дека тоа беа моменти пред зазорување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби Денко Самоников и Стариот писател помислиле дека отидов по Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Седнав до прозорецот на еден од позајмените столови од пред кафеаната и се џарев во темнината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа беше момент на вистинска нерешителност и страв.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа беше момент на широчина на духот, момент на искрено отварање на Еразмо кон Ирена: како цветовите кога се отвараат пред благиот отсјај на сончевиот нектар што се разлева низ дамарите; како школките кога се отвараат пред налетот на искрите на внатрешните бисери!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите погледнавме кон татко ми. Беше моментот тој да пресуди. Но, рака на срце, и тој беше изненаден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислам тоа беше моментот кога една несреќница се провикна: „Гледајте жени со што се храниме! И тоа на Прочка!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој ден навистина беше Прочка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)