бев (гл.) - момок (имн.)

Беше момокот Васе, со мало писменце кое таа го грабна, се затвори во собата и најбрзо што можеше го отвори. За малку не го искина од возбуда.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Да бев јас за добро не ќе бев момок со целата фамилија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Видое, пред да излезе во партизани, беше момок кај нас дома и веруваше дека тој ќе ја земе наградата, му велеше на татко ми: Ќе одам во партизани, ќе ја убијам Виолета и ќе ја земам наградата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас лично не го сметав за ненормален, бидејќи откако паметам тој ни беше момок.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
— My се овргали Билјарот, мислејќи оти кај него беше момок брат му Коле та има право да го кара и галати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Костадин но и Петар беа момци со посебен оштар дух, имаа огромен репертоар на вицови, анегдоти и досетки и секогаш знаеа многу вешто да ги поврзат или да се инспирираат од темата на разговор и да ги насмеат соговорниците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)