бев (гл.) - непозната (имн.)

Макар на врвот на атеистичката пирамида на земјата како директор на единствениот атеистички музеј во светот, сепак и А.А. имаше свои контролори кои му беа непознати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На Змејка му беа непознати такви, но тоа воопшто ништо не менуваше во она што го знаеше тој за нив. Само му беа уште потуѓи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со особена почит Луан Старова XXII Доживував чудесна поттикнувачка солидарност со моите француски читатели на трите први објавени книги во Париз од мојата балканска сага, благотворна поддршка, која дотогаш и ми беше непозната и покрај фактот што веќе имав објавено дваесетина книги во земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби и затоа книгите имаа успех во Франција, достигнуваа можна комуникативна полнота...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Домашните на младичот беа непознати па затоа и недостапни, а оние на Горда како да ги затворија устите со катинар па ништо не можеше да излезе од нив, ни зборче со „да” или „не”, дури ни потврдно или одречно кимање на главата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Станав од креветот и застанав пред огледалото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш ми беа непознати таа слатка болка и тој горчлив копнеж да се даде нов живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека првично книгата овозможува подобро да се разбере минатото (но и сегашноста) на вашата земја и Балканот, историјата која тотално ми беше непозната, на втор план, е параболата која се развива за иднината на народите во периоди на трансформации, а може да се однесува и на целото човештво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тука запре разговорот. Татко му даде неколку книги за јагулите, кои му беа непознати на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од глуждовите на нозете до гушарето, под гушата, женската снага беше непозната. Друга држава... 33
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)