бев (гл.) - нешто (имн.)

Јебига. И тоа беше нешто. Живот пише романе, а ја афоризми.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во минатите времиња, војната речиси по дефиниција беше нешто што порано или подоцна ќе биде завршено, обично задолжително со победа или со пораз.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие беа нешто за што беше делумно свесен, нешто што му се метка покрај самото лице, смрдеа што упорно му стоеше во ноздрите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Виното беше нешто за што читаше и сонуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше нешто премногу далечно за да вреди да се размислува за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Градот беше нешто како одмаралиште, како када со топла вода.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„.. Тој Брзакот беше нешто како недоветен, човек кому нешто му шумеше во главата...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои од тие шумови, необични, непознати за неговото уво, доаѓаа од подалеку, можеби откај плевната или од преку потокот, додека едно жално квичење и гребењето на вратата беа нешто сосем јасно, блиско, разговетно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше нешто, што мораше да се носи во себе, а додека заминуваше под тоа црвеникаво сонце му се чинеше дури и дека е добра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаете кои беа нештата што тогаш ги сметав за необични и ретки?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа пак, за возврат, ги преправи столиците за да бидат удобни за неговите крилја, нешто материјал додаде ваму, нешто пак одзема таму, а нештата за кои таа зборуваше беа нешта поради кои тој ја сакаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)