бев (гл.) - одговор (имн.)

Во тој Толев гест беше одговорот на последните Трајкови зборови и тој го почувствува со целата душа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
—Шо да му права кога тие повелаат, бре Толе? — беше одговорот на Колета, кој во себе ја одобри постапката на Толета и ни малку не се спротиви на неговите тупаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, за пари нека биде работата, дробовите да му се попарат, токо да не ни и земат и парите и пак да не погубат, — беше одговорот од сите затворници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главно е, море, сега да и довардиме лејките, та потамо белки ќе поолабави, стопана му — се искажа Трајко и уште тука во авурот седна со азите да ги расфрла петте стотини лири на двесте куќи село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие беа одговор на Крушевскиот манифест, со кој востаниците му предвестија на бедното турско население: “...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Психичко злоставување!“ – беше одговорот на професорката која сезнаечки и пркосно се насмеа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Само да видам“ беше одговорот на младото момче кое најверојатно беше чирак.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа беше одговор на неговото писмо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Родољубието, младо момче не се наплаќа – беше одговорот Притоа неговиот поглед поминуваше некаде покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се случува значи извештајот да го предадеш а дома сепак да се вратиш трезвен, ни лук јал ни на лук мирисал - погано го исмејував заебаниот пријател Господ откако му нарачав двоен вињак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да не изгорат, како крилјата на Икар, на патот кон сонцето – беше одговорот на старецот. – Тој пат кон сонцето бара премногу жртви.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)