бев (гл.) - пари (имн.)

Несфатливо многу го одбиваше тој безкрупулозен, ладен деспот, чија единствена опсесија беа парите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Под десната рака го стегаше дајрето, а со левата мавташе и постојано удираше, божем случајно, по џебот од палтото, каде што му беа парите спечилени на свадбата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само проблем беа парите. Се уплаќаше минимум илјада евра, а моите дома секако немаа пари за да ми овозможат такво нешто.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не беа парите мотивот што го гонеше, дури и да му се нудеа, не ги земаше, зашто со тоа би им дал друг потход на своите идеи, би ги урнал на друго рамниште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)