бев (гл.) - ред (имн.)

— Добро утро, Стоане, товари ли дрва? — го поздрави Крсте, иако беше ред Стојан да поздрави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Книгите од архивската библиотека, со кои беше задолжен, му беа земени, наместо да си ги врати самиот, каков што беше редот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најмногу земаше ќеманеџијата и, на крајот, дури беше дајреџијата. Таков си беше редот, од век, меѓу чалгаџиите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кај нас, како емигрантско семејство, тоа сигурно ќе ги поттикнеше да реагираат силите кои беа за нашето заминување кон Америка или Австралија, како што беше редот со сите емигрантски семејства пребегнати од Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рече така и притоа се прекрсти, а после, како што беше редот, се прекрстивме и сите ние.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И, токму што ја спушти кадилницата попот и се опита да се качи на колата да седне до коларот, како што беше редот, срипаа коњите, се вознемирија, ги начулија ушите, ги кренаа главите и звиснаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многу се радував кога мене ми беше ред за печен копан од петелот што мајка ми го колеше во дворот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како што беше ред, побара од неа да се потпише.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Отишол по дрва во коријата, му беше редот да собере дрва за кујната, и кој знае, како го однесе ѓаволот во пештерата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но таков беше редот, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Жими бога, веќе беше ред.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега нам ни беше редот: истрчавме и како сачми се растуривме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајка почувствува дека сега беше редот и таа да се „исповеда” за своите „врски” во животот на кои мислеше Татко – на „италијанската”, но и на „грчката врска” – сигурно предизвикан од ненадејното откривање на знамињата, на грчкото, на италијанското и на албанското, во нејзиниот чеизен ковчег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега ѝ беше повеќе од јасно дека беше редот на Мајка да ја дооткрие својата „грчка врска”, делот од нејзи­ниот живот којшто не му беше толку многу познат на Татко... XVIII Таму каде што обично Татко, во налетите на балкан­ската историја, соочен со постојаната потрага по страте­гијата на спасот на семејството, гледаше опасност, неизвес­ност, решение во бегство, Мајка гледаше можност за поми­ру­вање, излез, спас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како да беше редот на Мајка да си го каже својот дел на тагата, за блиските, за својот татко, кого никогаш по­веќе не го виде ,за своите браќа, за својата Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но сега беше редот тој да си ја игра епизодната улога во балканската фарса.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)