бев (гл.) - срце (имн.)

По извесно време, почувствував дека се вратив во своето тело, но со празнина во делот кај што ми беше срцето, и со страотна болка во таа празнина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тебе имав голема доверба, ти имаше големо срце кое беше срце и на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова е сега ваше, им рекоа на браќата а тие несреќни зашто не знаеја што да чинат со сето тоа; беа раце, беа нозе, беа срце: не беа ум.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Цвет да беше срцето, ќе се сронеа неговите латици.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
По три дни и три ноќи, дури сосема не се прибрав во себе и не си ја стишив болката во празнината кај што ми беше срцето, натажен и болен, тргнав на пат за татковината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш, о, возљубени читатели, почувствував како некое топло ветре со миризба на босилек и темјан ми ги наполни градите и прилегна на местото, на празнината кај што ми беше срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)