бев (гл.) - цел (имн.)

Внимателно слегував од дрвото а босите нозе ми беа целите испраскани од гранките на сливата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ема очигледно не сакаше тоа да го покаже и да му даде посебно значење и мене ми беше јасно дека, едноставно, тоа не ѝ беше целта, но за миг почувствував дека ја прочита мојата претпоставка и дека веќе игра на таа карта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
До еврејскиот крај стасавме брзо. Улица под старите касарни Кале стисната со груби и стари куќи - тоа ни беше целта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега, по многу одминато време неизбежно во мозокот се вклинува прашањето: која беше целта тие, осумте илјади партизани на Демократската армија на Грција да влезат во ровови и бункери и само со пешадиско оружје да ѝ се спротивстават на осумдесет илјадна владина армија облечена и сита и вооружена со најсовремено оружје?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше целта: некој од присутните овде да забележи дека нешто не е во ред со нејзинто однесување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сѐ што јас забележав е тоа дека вие сте насилен со неа,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во татковата потрага, по недопирливото другаде, не беше целта да стигне до крајниот предел, до пределот што го нема, туку беше битна потрагата во самиот себе, до суштината на својот идентитет, низ крстопатите на својата душа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога го загледав сфатив дека пантоланите од шајак му беа целите изгорени, а тој ми велеше: Другарке, јас сум ранет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Која беше целта на ваквото однесување? Сакавте да оправдате еден поединец и да ја обвините државата?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)