бев (гл.) - човек (имн.)

Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гледав дека нему му е мило што е тука, а и мене ми беше мило, зашто беше човек пријатен и, наспроти маказаречките околности, испеглан и чист.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше човек од над седумдесет години, но енергичен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гуте беше човек со фантастично искуство и со огромни практични и теориски познавања.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој не беше човек што лесно отстапува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Псалтир Палигоров, сепак, не беше човек без срце.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко беше човек кој, како што велеше и Мајка, не знаеше ни да прави а ни да прима комплименти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко ѝ на баба Севда, тогаш уште беше човек кој добро се држеше на своите нозе за да му треба патерица, но ја имаше земено зашто во тоа време овде, по овие села, таква беше модата, луѓето од средни години натаму да одат на гости со патерица и во преплатата од џамаданот да имаат бројници со чие броење ќе си го одржуваат ритмот на достоинственоста на разговорот со домаќините.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој не беше човек кој немаше навикнато на осама, но сепак - тој тоа сега го открива - едно вакво живо суштество, суштество какво што се покажуваше неговиот, сега неговиот, грифон, Грифи, таа негова осама сепак не само што нема да ја нарушува, туку и не ја ни осиромашува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ама мојот човек, што е право, беше човек на место.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Овој, како што, пак, можев да заклучам од добиениот опис, беше човек со необично издолжено лице во вид на сновалка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ беше напишано, само требаше долу да се стави потписот; беше оставена само една празна линија, и доволно беше човек само да го начкрта своето име, па да стане она „јас“ од почетокот на текстот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Целиот проект стануваше апстрактен и тој не беше човекот кој во него ги внесе своето тело и душа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој за миг зашеметено стоеше таму, несигурен дали тоа беше човекот што го слушна како зборува или беше гласот во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Тоа не беше човек, Кети“, зарипнатиот глас липаше, „Тоа беше змија.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со Тито водеше долги разговори, како мачорот да беше човек и како да беше многу интелигентен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој беше човек со ореол, со ѕвезда на челото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Напротив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, геј-мажите честопати разменувале информации за тоа каде во јавната стрејт-култура може да се најдат бисерчиња геј-духовитост, скришни двојни значења со геј-смисла или итри ишарети што машките геј-уметници успеале некако да ги протнат во главнотековните филмови и во главнотековната музика, каде што си седат заштитено скриени и обично минуваат незабележани, освен од оние што знаат каде да ги бараат.438 Ништо од она што го кажувам тука не е со цел да ја оспори вредноста на сето тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не морав веќе, некако, да се внесувам себеси во тие визии за животот што ги создале негеј-писатели, без разлика колку се стремеле да бидат хумани, длабоки или инклузивни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако, како што признав на почетокот, не бев човекот што треба да го предава предметот за тоа „како да се биде геј“, исто како што не сум човекот што треба да пишува книга на таа тема, тоа е затоа што отсекогаш сум бил благодарен за, а и длабоко внесен во, експлицитната, некодирана, идентитетски заснована машка геј-култура, особено за книжевната фикција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како само јас да знаев дел од вистината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мојот подалечен роднина не беше човек што ќе грабне залак од старец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Башмајсторот беше човек без челад и сите можеа да го сфатат за него тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бев човек што оди кон неизбежна бездна. Јас - бездомник, провалник, чедо и брат и роб на гревот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој секогаш ги гостеше со ситните риби. А тој беше човек мелем.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, неможно беше човек да остане мирен гледајќи го ѕвонарот. Кутриот човек!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Тој не беше човек“ , ѝ рече. „Сега е мртов.“ „Мртов“ , повтори нејзината згрбавеност; беше грч, клопче горко месо, суво липање. „Проклета војна“ , ја чу. „Го уби“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Исидора беше човек со посебна харизма, сенизибилитет и се разбира – вкус.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во регионот не стивнуваа експлозивните настани, радикалните пресврти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред мене беше човекот кој во својата богата личност ги помируваше сите противречности, а останувајќи секогаш тивок, близок, со лесна, ослободувачка насмевка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски беше човек на незапирливи емоции, дури и во годините на староста кога емоциите или пресушуваат или се преплавуваат, тој стана, го прегрна Паскали и му рече: Сине мој, никој вака не ме разбрал досега, кога се во прашање моите книги, преостанатиот дел од мојата судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев човек што оди кон неизбежна бездна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Грк од мароканско потекло. Беше темпераментен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Андон Клековски ми беше човек од доверба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниротакис беше човек со мешана крв.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Богдан Русимиров беше човек на Шефот кој оцени дека крај себе треба да има таков професионалец со чиј прозивод би задржал ниво над сите други во увидот на нивната службена работа, но и во приватниот живот: тој се радуваше на материјалот што секојдневно го добиваше од Русимиров, внимателно го складираше, плашејќи се да не се активира предвреме, да не се распрска во неговите раце, да не го разнесе експлозивот што го подготвуваше за другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше добар. Беше човек.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако Авни влезе во екипата на Круме Волнаровски, неговата златара „Карат“, во Старата чаршија, работеше формално. Беше човек од доверба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Винстон, кој во нормални услови беше човек што обично гравитира кон надворешниот раб на каква и да е турканица, сега се туркаше, и со лактови си го пробиваше патот кон средината на толпата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан беше човек со кој може да се разговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше човек од околу триесет години, со мускулест врат и со голема подвижна уста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мил беше човек кој се занимаваше со наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во право беше човекот: боље гроб него хјустонски сноб!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Години подоцна, по завршувањето на медицинската школа, шесте месеци во неврохируршкиот оддел, и двете години како психијатар во британската армија, тој беше многу изненаден кога како негов администратор му ја раскажав приказнава. (...) Margina #21 [1995] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури кога заврши разговорот, кога пациентот стана, се наклони и го напушти подиумот, јас сфатив дека д-р Мек Нивен беше човекот кого го сметав за пациент.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој Митко беше човек како оној сиромавиот од прикаската кому некој му фрлил во дворот мисирка наполнета со злато, а тој му ја однел на богатиот зашто таква гозба не била за сиромав како него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој си беше човек, за својата работа, за своето место, како што би се рекло...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој беше човек со голема итрина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Впрочем и тој беше човек од крв и месо, без оглед колку професијата му налагаше да биде ладнокрвен кон сè друго освен кон работата што ја работеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но тој беше човек што ја сака уметноста повеќе и од самиот живот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Најпосле здивна малку кога се сети на Најда Коџабашијата, кој беше човек умен и разбран.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Луман беше човек со беса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој беше човек табула раса.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зошто ти во мојот сон беше човек без лице и име.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јусуф беше човек со извонредно искуство, монументална култура, голем ум, но крајно природен, искрен, со постојани изливи на доверба.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој, како што велеа луѓето, беше човек со благословена рака. Што и да фатеше од него нешто ќе направеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Петре видел колку е часот и го успокоил заптијата зашто тој Тефик беше човек што со сила бараше кавга со рисјаните.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа веќе не беше човекот што го засакав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)