бев (гл.) - џеб (имн.)

Потоа бркна во своите муси шалварести бечви меѓу гајтаните каде што му беше џебот, ја напика надолу раката скоро до лактот и извади клуч.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Полни ни беа џебовите, ракавите, ги скинавме астарите, ги наполнивме полите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)