бев (гл.) - всушност (мод.)

66. Берат – писмо (повелба) од турскиот султан за поставување (во овој случај) владика. 66a.66а Назначувањето на Фирмилијана (умрел во 1903 год.) за митрополит во Скопје беше всушност првата позначајна победа на српската пропаганда во Македонија, извојувана не без поддршката на руската дипломатија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стрелките на часовникот покажуваа седум и дваесет: беше всушност деветнаесет и дваесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малата внатрешност на продавницата беше всушност непријатно полна, но немаше речиси ништо ни со најмала вредност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На блискиот крај на ова патување, а крајот за мене постојано се оддалечуваше, сè повеќе трагав по одговор на прашањето: кој беше всушност Х.Х., дали некогаш бил човек?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Денес, од дистанца, сфаќам дека тоа беа всушност предавања - некаква македонска варијанта на педагошката пракса на големиот индиски поет Тагоре.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа беше всушност вистински настан, на кој сум се сетил во сонот, сум го сонувал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Каков беше всушност тој Марин Крусиќ?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беше всушност таа ненадејна мисла што му светна во главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помислив дека сакаше да ми рече или поточно да ми појасни оти и таквите дребулии, какви што се пијавиците кои којзнае зошто решиле да не виреат во вакви води, како планинската, придонеле луѓето наеднаш да се почувствуваат среќни и да се однесуваат неконтролирано и палаво, како децата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше всушност моментот кога за првпат го изрази задоволството дека во нашиот поток нема пијавици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше меѓу овие зборови и тишина која беше всушност мајчиниот јазик, неискажани значења, кои продираа до душа, завршуваа во голема порака која може да ја подари само душата на една Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Станував амбасадор на една земја што всушност не постоеше, акредитиран од една земја што набргу нема да постои, за да станам подоцна амбасадор на десеттиот дел од таа земја, новата независна Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раиз беше всушност картагинскиот анти-херој, покрај херојот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие ти се тука, додека сум жива... тие остануваат и со тебе... со нас... ќе продолжат да го покажуваат татковиот пат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Играта на парадоксите беше всушност самиот мој живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа беше всушност мрморење... малечка романса...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сè уште се сеќавам на мелодијата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За него загубената Атлантида беше всушност загубената татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кој беше всушност овој руски емигрант што толку силно се влеа во неговите мисли, се внесе во неговиот живот?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Работите што му ги раскажав, а на чии што темели доктор Настев ја беше кренал веселата зграда на мојата здравствена разнишаност, беше всушност една богата збирка необични соништа и виденија за кои и не бев многу сигурен колку се само мои.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Статијата за Укбар (од која наводно писателот ги присобрал известувањата) не се појавува, според зборовите на раскажувачот, во четириесет и шестиот том на Англо-Американската Циклопедија, туку: “Томот што Бјој го донесе беше всушност XLVI том на Англо-Американската Циклопедија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На лажниот омот и рбетот, алфабетската назнака (Tor-Ups) беше како и на нашиот примерок, но наместо 917 имаше 921 страница. четирите додатни страници ја опфаќаа статијата за Укбар; тој не беше предвиден (како што читателот веројатно забележал) со алфабетска назнака.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)