бев (гл.) - можеби (мод.)

Татко беше свесен дека главниот удар му го зададе токму Мирон Донски, уште при првата средба, што беше можеби и причината за неговата болест.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
ВО БЕЛГИЈА бев можеби во еден од најубавите краишта, во таканаречените Белгиски Ардени, кои се слушаат откај француската граница, па сè таму кон Луксембург и постапно кон Уј, кој потпаѓа под широкиот регион на Лиеж, далеку на деведесет километри на југ од Брисел: практично сето тоа се наоѓа на еден многу значаен крстопат - одовде се делат патиштата за цела Европа - Германија, Холандија, Луксембург, оттука минува главната магистрала, која Белгија, покрај Брисел ја сврзува со Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во капеличката можеше да влезе само една особа, таа беше можеби со димензии некаде метар на метар.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дејноста на теренот (ова беше можеби најчесто употребуваниот термин во нивната комуникација) сè повеќе се прошируваше благодарение на помошта на Андон.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Една од причините за таквата измена во неговото сфаќање на огнот беше можеби и ѕвонежот на ретките капки што пееја надвор, под стреата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше можеби и причината за да се согласам да го внесам и јас мојот имот и да го смешам во заедничкиот. И тоа, мислеше сега Змејко, а и оној мој Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури останав со впечаток дека на мајка ми и се допаѓаа нагиздените тврдења што беа можеби и измислици на таа зла жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше и лице, и од, и става, речиси се што им ги зголемува очите и им ги раздвижува 'рнките на сладокусците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А беа можеби неискрени па дури и невистинити бидејќи, морам да признаам, Таша не беше грда жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Ѓурчина, најнапред, му го претставив однесувањето на Огнена, се разбира со мои зборови; спомнатиот разговор помеѓу неа и мајка ми беше отпечатен во мојата глава, посебно делот во кој во детали се објаснуваше нивната љубовна врска; не ја заобиколив и гласната смеа на Огнена Гулева особено во моментите додека ја изложуваше својата зависливост!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Како течеше тој разговор помеѓу вас? Ќе го опишеш? - Беше многу обичен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, токму приказната на Огнена Гулева беше поттикот истиот ден вечерта, кога се вративме со мајка ми од градот, надвор, покрај коритото со сончева вода, да водам долг сериозен разговор со татко ми Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тука бев можеби и посигурен”.  „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата.  „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот.  „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што беше можеби нужно некогаш моето внимание за да ја разберам докрај нејзината мисија да ми пишува, така и мене ми е нужно овојпат, почитуван читателе твоето внимание во потрагата по Елен Лејбовиц!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше можеби и добро што не знаев за оваа тајна функција на шифрантот, што би можело да биде извор за нервози и фрустрации, помислував утешно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше можеби амбасадорот којшто го замислуваше баба оти еден ден ќе го спаси семејството, ќе го врати на родната грутка, ќе биде амбасадорот на враќањето, а не на новото заминување каков што станував јас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така беше можеби затоа што сакав да се ослободам од самата себе, од оној дел кој болеше од очај, но очајот и натаму болеше, сеедно колку се делев себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа разорна болка стана мојата единствена биографија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето со затворени граници на Балканот, беше можеби и потешко и од војна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој, пред неа, а тоа беше можеби најсилното во нивната љубов, можеше, до дното да си ја испразни душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)