бев (гл.) - кај (предл.)

Се собраа сега пак Толевци околу Јована, Бојка, како преѓеска онбашијата со аскерот и во кус разговор се разбраа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пукнаа пушките, паднаа тројца, а Стојче и Најдо промашија, што многу го ожалости Толета. Со бесен вик се назагнаа надолу и со петшест скока беа кај Јована и Бојка и видоа што стана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога си дојде дома, Толе веќе не беше кај Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да беше кај нас тој, ние кај и да сме ќе мислевме и ќе работевме само за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Е, сега да го довршиме пазарот. - Вчера, дедо Крсто, бев кај епитеоритијата и кај владиката. Му кажав све за даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како и оној ден кога бевме кај тетка Рајна ми се чинеше дека таа, Вера, неосетно ми го одзема татко ми, а јас не можам да ја спречам во тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еве, и јас веќе бев кај валијата и молев за ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многу подоцна откога јас бев кај манастирот, беше барано од некои луѓе јавно да се осудат стрелањата без суд, како што било ова овде долу, и да се кажат луѓето што ги извршиле, но не се постигна политичка согласност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Истиот ден кога Мече беше кај командантот, бригадата се собра на конференција.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— И ти беше кај началникот? — И јас, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Умот ми беше кај вас. Не верував дека тоа мене ми се случува. Јас не ве заслужувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се знае повторно бевме кај нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„И бевте кај дед Павел?“ повторно ја прашав и седнав на креветот карши неа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас, поради знаењето на италијанскиот, требаше секогаш да бидам напред, те влечев со себе! – Така беше, мила, ништо не си заборавила. – А се сеќаваш кога бевме кај Фонтана ди Треви?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ќе помине недела, и ќе пушти некого во Прибилци да остави книже кај чешмата. „И ноќеска бев кај вас и можев сите да ве исколам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)