бев (гл.) - бел (прид.)

Додека Бојана беше бела, со руси коси, сиви очи, бело лице, (дури и веѓите и беа руси) — Доста располагаше со сосем друга — грчка убавина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па видоа дека телото - цвет беше бело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и усните ѝ беа бели. Мртва е!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзиното тело беше бело и мазно, но, не предизвика желба во него, всушност одвај го погледна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Надвор сѐ беше бело и тихо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тенот и беше бел и мислиш дека толку е кршлива и ранлива, дури и нестварна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беше бел кафез и потсетуваше на плод од бес, на бела пена.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Погледнав. Зградата беше бела и осветлена од лоша мижуркава сијалица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа беше бела кучка од убав сој, со чудна милност во очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На работ на увото му блескаше парченце зима: сува, сапуницата беше бела и снежно невина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа го донесе разденувањето, кое сега беше бело и преполно со некаква чудна заискреност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рацете ѝ беа бели и набожни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едната беше црна, другата беше бела, но покрај тоа, тие беа идентични онолку колку што може да се постигне со козметичка хирургија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Косата веќе не му беше бела и ретка туку, жолта и густа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сепак тоа беше заблуда и не потраа долго, ѕидот, набргу беше бело варосан и насекаде на неговата површина испишавме црвени пароли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вели дека куќата беше бела, со голем балкон, во дворот ограден со ограда од ковано железо, цутеа многу тредафили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И таа беше бела и Трстеник беше голем чифлик кој го опфаќаше скоро целото поле што лежи пред Билишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На Ане пижамите ѝ беа бели, а на нив имаше нацртано човечиња што возат точаци и ролшуи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во прашање беше белиот прашок што се грутчеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нихна хубавина не може да се искаже, лицата нихни беха пресветли, со очите ме гледаха мило, на главите нихни косата им беше бела како снег, како златна светеше, рубите нихни беха како това што светнуе на небо кога има дожд.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тој беше бел, белило кое на градите и лицето преминуваше во руменило.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
По ништо не се разликуваа едно од друго, освен по тоа што едното беше бело, другото сино.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Надвор сѐ беше бело, покриено со дебела снежна покривка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нивните униформи беа бели, лицата им имаа розова боја како некој да им исплескал шлаканици; очите им беа сини.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)