бев (гл.) - бескраен (прид.)

На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, кај овој човек, што беше поразен првпат во својот век, поразот беше бескраен, вечен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така, за нив, за моите родители, добрината беше бескраен предел кај што царува тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)