бев (гл.) - возбуден (прид.)

Сакаше да викне, да го грабне тој „пезевенк" за врат и тука на столчето да му ја извади душата; да им викне барем на мајка си и татко си дека нема тоа да стане, но толку беше возбуден, така што немаше ни ум во главата ни сила во снагата, ни воздух во градите ни да мрдне, ни да проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку беше возбуден, занесен. Но веднаш се созеде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се одлучив да одам на концертот. Бев возбудена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа колку многу и мене ме израдува, целата вечер бев возбудена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас, работодавецот, не толку што бев возбуден, колку што бев восхитен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луција беше возбудена: трепереше, не им веруваше на сопствените очи, велеше дека е тоа чудо; потем тргна од салата кон училиштето да раскаже што видела а јас ја стигнав на излезот, и одеднаш, без да знам зошто и без да знам од каде ми е таа сила, ја плеснав по задникот, сосема безобразно, оти ме беше опфатило некое победничко, раскошно расположение и ѝ реков: „Нека се качи на скалите така, ако може, твојот здрав народен дух“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да, рече Стариот. Беше возбуден и темен. Да.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас бев возбудена, бидејќи дотогаш многу слушав за тој град.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И јас - како децата - бев возбудена, а сега сум среќна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Изгледа дека нешто не Ви беше добро... или пак бевте возбудени?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)