бев (гл.) - вљубен (прид.)

Таа ноќ Толе пак ја помина со црното Кате во ќералчето и колку да беше вљубен во pyca Миша и оддели и на Ката парченце од својата страст, ако не љубов, и со внимание ја ислуша кога му раскажуваше како таа не стапнала веќе кај Адема, како Адем, не само што не ја побарал, ами дури некако избегнува да ја сретне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сосема јасно се сеќавам дека во петтата или шестата година сакав да му го „испратам срцето“ на девојчето во кое бев вљубен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога бев вљубен во Вујалија-изрази, но не можев да претпоставам дека „апендикс“ освен „додаток“ значи и цревулче, слепо црево.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во нејзе бев вљубен до уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бидејќи никогаш пред тоа не беше вљубен, тој никогаш ја немаше почувствувано тортурата на љубомората или чувството на ударот од неверството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како дете бев вљубен во киното. Киното та душа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога бев вљубена првпат, вторпат, којзнае којпат по ред (а се влубував на пола час, силно, страсно... и ми поминуваше!), и тогаш скокав до кај другарка ми за да ѝ се доверам дека, ете, пак сум вљубена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше вљубен во девојката Теменуга и, при тие епилептични напади, постојано ја молеше да му даде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако само еднаш ве сретнав, видов колку беше вљубен во тебе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Краста: Ова е музика, Тики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чедо Вампирот беше вљубен во музиката на Ирвин Берлин, а степуваше исто така генијално како и Фред Астер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- А сега можам да си замислам уште што ти иде на ум а не сакаш да го спомнеш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мислам дека нашиот Самоников беше вљубен во неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓутоа, за вистината, тој беше поскромен човек, а над сето веќе смртно беше вљубен во својот позив и камбанчето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но тоа, дека беше вљубен, не го забележав само јас, дури и самата Аксја ми го рече.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше убава, потиштена, со чист поглед и невина, ладна и без дискусија како да истапила од некоја слика на прерафаелистите; а јас бев вљубен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Среден простор и книги сложени алфабетски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Патем, и јас малку бев наклонет кон тоа. Хипохондрија. Анална педантерија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)