бев (гл.) - жесток (прид.)

Колку и да беа жестоки битките за да се искорени отоманското во свеста на луѓето, во институциите, митот на повеќевековното отоманско време живееше латентно, во непредвидливи оази.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Веле слушаше напрегнато. Тој сѐ се надеваше дека ќе чуе некој макар и најмал одглас, којшто ќе му го стопли срцето, но... вистината беше жестока.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Се родив како римо-католик“, вели Фаерабенд.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Потоа, многу кратко, бев жесток атеист, а сега мојата философија има поинаков изглед.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Полицаецот: Сите мои доушници - а ги има и по десет за еден цајкан - беа жестоки момци, како и ти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како што очекуваше, првата реакција на двајцата старци беше жестока.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа беше жестока борба во која Арафат го беше вложил својот живот, но и животите на илјадници Палестинци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но на тој пат Арафат се судираше со владеењето на повеќе властодршци, посебно израелските, како и со владетелите на неколкуте арапски режими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
9. Ветрот беше жесток.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Донесените закони беа жестоки и го правеа своето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Реваншот на непокорните селани од кои мораше, по секоја цена, да се создаде работничка класа, беше жесток.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И правта на поткровјето беше жесток оган, огнот на сите времиња, и сѐ што беше потребно беше само да се загледате во огновите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)