бев (гл.) - забранет (прид.)

Но, сепак, сега чувствуваше дека се наоѓа пред портите на сонот кој одамна му беше забранет...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го затекнав киното во кое беше забрането пушење, но и водење гласен разговор за филмот и за сѐ она што се разголуваше во него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некои, дури, можеа да бидат пазарени за шише џин, пијалак што на проловите им беше забранет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Климент Камилски слушаше за прв пат во земјата мислење за својата книга на животот, која во неговата родна земја беше забранета и единствениот примерок од Универзитетската библиотека беше предаден во полицијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Грчот што ме беше стегнал во моментот кога Ана (кога Маргарита) почна да се качува по скалите кон коишто мене пристапот ми беше забранет, почна нагло да попушта под дејството на некаква сонлива малаксаност, пред статуата од бавни скали; одбив да мислам, доволно ми беше да знам дека и понатаму ја гледам, дека црвената чанта се качува кон улицата, дека со секој чекор црната коса ѝ потреперува врз рамениците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Посетите на прифатените лица беа забранети.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Посетите кај мене беа забранети за да се намали на минимум факторот возбуда од каква било причина, но успеваа да ми протнат исушено цвеќенце со „волшебна моќ“ и вода од Урошевац во пивско шише со кончиња што носат среќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога утрината се разбудив, главата ми беше тешка како оловно ѓуле; пиев цела ноќ со Земанек во студентскиот бар, каде пристапот на средношколци им беше забранет, но Земанек и јас имавме еден пријател (брат на контрабасистот од нашето несудено џез- трио).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По Резолуцијата на Информбирото во делот на Македонија под Бугарија беа укинати дотогашните национални права на Македонците кои ги уживаа во рамките на културната автономија во периодот 1944-1948 и беше забранета употребата на македонскиот јазик и било каква културно-национална пројава на Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Официјалната бугарска политика застана на гледиштето дека македонски народ и нација не постојат.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беа на вечерната прошетка, од нивниот хотел до влезот на населбата, сѐ покрај брегот, по патеката мештаните што ја викаа слоновска, бидејќи по неа шетаа заслужните пензионери додека за возила беше забранета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За нас тоа беше забранет излез.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наредниот ден отиде во училиште, но пред да оди си стави од дезодорансот на мајка ѝ што стоеше во креденчето со работи што ѝ беа забранети - необични шишенца, тенки розови пакетчиња и долги памукчиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека учителката зборуваше почувствува како една капка од мишката ѝ се стркала до појасот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со појавата на зонирањето во 1920-те години со цел да се задржи 125 Lutz P. Koepnick, “Negotiating Popular Culture: Wenders, Hand- ke, and the Topographies of Cultural Studies,” The German Quar- terly 69 (1996): 388. 126 Victor Margolin, “The Age of Communication: A Challenge to De- signers,” Design Issues 10 (1994): 67. 104 трговијата и индустријата подалеку од живеалиштата на средната класа, надворешното рекламирање стана предмет на значителен степен на правно ограничување.127 Со текот на годините, со такви прописи беа забранети повеќето билборди во над 100 градови во Калифорнија, како и на ниво на цели три држави во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Еден од најчестите видови прописи во светот насочени кон подобрување на визуелното опкружување е регулативата за зонирање со којашто се ограничува употребата на надворешни знаци и билборди.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)