бев (гл.) - завршен (прид.)

Во моментот кога го контактиравме Бобан неговата борба сè уште не беше завршена но, со неговата ретко видена упорност и истрајност, веруваме дека многу брзо ќе ја извојува својата победа за одбрана на своите основни права и конечно ќе дојде до правдата која ја заслужува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во април 2007-та, Јакшиќ се здобива со тешка телесна повреда при работа2 и од тој пресвртен момент неговиот живот драстично се менува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За него, последната битка со Мирон Донски и со Архивот, околу неговото враќање во царството на сиџилите, беше завршена пред да почне...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Останат сам, среде сиџилите, во тоа толку згустено време, се чувствуваше како пред отворена гробница на минливоста, каде што животот не беше завршен, а заборавот царуваше насекаде.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За него, состанокот беше завршен. Си го кажа своето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овој разговор беше завршен со поделените карти. Продолжуваше балканскиот покер.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги прибра овците и говедата, со што најглавната задача на денот беше завршена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога работата беше завршена, филмот и фотографиите му беа вратени на испраќачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со тоа, разговорот на таа тема како да беше завршен и бидејќи на стариот професор му беше време да си оди, тој ја дофати патерицата навалена до фотелјата во којашто седеше, со што стави на знаење дека ќе стане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За среќа, полските работи беа завршени, нивното доаѓање се падна во почетокот на есента, па не се сториа штети ни во полето ни по луѓето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но нивните други активности, сопрво, или барем само во текот на изведувањето на работите, ги разгневуваа христијаните, а потем, кога ќе беа завршени, гледајќи ја ползата од нив, пак ги благословуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неговата задача беше завршена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Претставата на апсурдот не беше завршена, но се ближеше кон својот крај.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Претставата беше завршена. Завесата спуштена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Провокаторите излегуваа. Нивната епизодна улога беше завршена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во нечија глава со непод­нослива леснотија во мислењето беше завршена замената на сталинистичката комунистичка идеологија со праискон­ско­то човеково верување во Бога.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но трагикомедијата сѐ уште не беше завршена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но ова ги надмина и помислата и зборот; ова беше сторено дело, ова беше завршен чин.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога погледна во ѕидната конструкција, од камен и малтер, му стана јасно дека таа беше завршена.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А таа, сосема опиена, развеселена, фрли по мене со тетратката и повеќе формално, за одбрана на некаква апстрактна чест (ме загрижи тоа кај Луција: поимот на апстрактната чест), рече: „Свињо безобразна“, и се стрча по мене, а јас бегав; во таа наша игра веќе немаше ништо сериозно, ништо од пред малку, оти кружокот беше завршен, а чудото почнато.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Часовите за денеска беа завршени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги ставив рацете на стомакот на Цецилија, таму каде беше завршен уште еден живот, и почувствував болка во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги имав положено рацете на стомакот на Цецилија така како што се придржува нешто живо, нешто што треба да се сочува да не се распадне, а мојата утроба и натаму болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Церемонијата беше завршена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Широко насмеана, ќерка му излегуваше од катедралата, држејќи го под рака својот маж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Возилото на брза помош заминуваше без сирена и ротационо светло, што можеше да значи само едно - дека за возачот патот беше завршен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Расфрланиот песок, мешалката за бетон и друг градежен материјал, сведочеа за градбата на куќата која однадвор сѐ уште не беше завршена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Можеби и ќе беше завршена ако имав десет раце, а јас имам само две. А не ми е само таа обврска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако беа завршени сите процедури, болницата дозволи децата да бидат однесени во социјалниот центар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Церемонијата „дај ми ја, на ти ја“ успешно беше завршена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И точно сред лето работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Подоцна, навистина, доаѓаше жената, поплакувајќи се дека мажот бил пијан и поради тоа евтино се пазарил; но обично беше доволно да се додадат десет копејки и работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот од глетката, под лакот, се гледаше едно парче од сината Дрина, а длабоко под него гргореше запенетата и скротена Жепа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев вчудовидена од сè што ми се случува. Целоста на моето откровение беше завршена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Претставата беше завршена откако неговата облека беше потполно исчистена од остатоците на јадење, а нејзиниот сопственик беше фрлен на тротоарот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Гордоста на нашата Федерација, чија слава на оружјето требаше да ја пренесеме во земјите каде што нѐ испраќаше државата како нејзини највисоки преставници, евентуално и вешти трговци, сега беше завршена во купишта железо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како во картагинска арена од римскиот период како да беше завршена за Хабиб Бургиба една невидлива гладијаторска борба на живот и смрт во доменот на владеењето и борба за место во историјата, во која тој не се сметаше ниту за победник, ниту за губитник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со вакви мисли, обземен од судбината на Бургиба, сопрен натрапнички да се овековечи во историјата, појдов со дипломатскиот чопор кон Сиди Дауд на вистинската матанѕа, на лов на туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Бургиба церемонијата како да беше завршена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чинот, сепак, беше завршен ова беше првото бакнување рака на Мајка на Балканот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски претпоставуваше дека брзо ќе ја решат судбината на овие два збора, коишто, според него воопшто не можеа да се сметаат за опасни, така мислеше и Татко, но за него расправата не беше завршена, туку таа дури сега почнуваше: Има зборови кои ја имаат моќта на метафори, со неколку од нив може да се раскаже дури и да се опфати историјата на човештвото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски најпосле се разделија, но со тоа не беше завршена потрагата по бескрајот на речниците како во земско соѕвездје до доцна во ноќта...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За него престојот во Турција беше завршен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Расправата за тој ден беше завршена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настанот беше завршен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сесијата очигледно беше завршена. Иглата се зари во раката на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но беше во ред, сѐ беше во ред, борбата беше завршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите чувствуваа дека оваа селидба е нешто повеќе од обична промена на местото - ако ништо друго, нашиот сребрен период сигурно беше завршен, сега бевме во бел.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Продолжуваше да говори дека нејзината мисија, која ѝ ја доверил Севишниот, не беше завршена, макар што ние, децата, веќе бевме излезени на своите патишта од животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но иронијата беше токму во тоа што во мојата глава Човекот што премногу знаеше беше завршен пред Виенскиот валцер”. œœ Човекот што премногу знаеше (The Man Who Knew too Much), 1934 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„На враќање ќе го собере од болницата во Сан Диего“, рече Као со што за него овој разговор беше завршен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никогаш немало побогат лов на јагули, а тој уште не беше завршен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога веќе почна да наближува ноќта а подготовките за разделба од наредниккот беа завршени Раде ги отвори очите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во почетокот на мај по петнаесет деноноќија пишување беше завршена првата верзија од мојот ракопис Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше време кога беше завршена мисијата во Париз, а татковината немаше потреба од мене за нова дипломатска мисија, па јас се препуштив на мисијата на пишувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Денот беше прекрасен, јунски, наставата во училиштето пред два дена беше завршена, водата на езерото Матка блескаше на сонцето и во неа се огледуваа високите карпи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Требаше да биде тука некаде, но никогаш не беше завршен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)