бев (гл.) - заклучен (прид.)

Во висока стаклена витрина ги гледав Балзак, Хемингвеј и Достоевски и се обидував да ја отворам. Беше заклучена.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бараките уште не беа заклучени од ноќната стража.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајче тропна на вратата. Беше заклучена. Го врза коњчето и викна неколкупати. Никој не се јави.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ах, проклет Наќо... - се возбуди и калуѓерот и почнаа обајцата да трчаат кон Наќо кој веќе влезе во просторијата која имаше излез и кон другиот двор накај шталите, но вратата беше заклучена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веќе стоев пред вратата. Беше заклучена и ѕвонев.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој трепет, кој толку многу го посакуваше, како да беше заклучен од некого на некое скришно место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Впрочем затекнатата состојба во собата на Мирко Бунде беше онаква како што веќе ја опишав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вратата не беше заклучана. Како што предвидував и тројцата седеа на софата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)