бев (гл.) - занесен (прид.)

Меѓутоа, додека така бевме занесени, се чу силен пукот, како од пиштол, веднаш под прозорците на куќата, проследен со страшни крици и извици од толпата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Уф, ме исплаши, што не чукнеш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Билјана беше занесена во берењето и не ме слушна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сета беше занесена во танцот на цвеќињата и требаше да и повторувам дека токму јагличиниците - најубаво танцуваат!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Толку многу бев занесена во разговорот што не сум го чула дека ја отвара вратата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штурците беа занесени во својот вечерен концерт.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Билјана беше занесена во берењето и не ме слушна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)