бев (гл.) - зачуден (прид.)

Татко беше зачуден од овој неочекуван коментар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев зачуден, дури и исплашен, кога видов дека околу многу куќи беа ископани нови парцели, мали навистина, колку што дозволува земјата во дворот или до дворот на куќата, но ги имаше многу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше зачуден. Беше изненаден!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се прашуваше: дали на пример не станува збор за заговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, и самиот беше зачуден колку нешта откри со помошта на една цреша.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не можам да објаснам колку бев зачуден од ова што го дознав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одеднаш таа се потпре на голите колена и со уште некоја четка, која се појави којзнае од каде, почна да го риба белиот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби беше зачуден од твоите постапки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби не те разбираше бидејќи не беше сигурен што сакаш, каква ти е намерата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И зошто токму по тој пат тргна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лебезјатников, затоа што ласкавиот и омразен од мене надворешен советник кој беше сместен покрај генералот Первоједов, се викаше Лебезјатников - тој мошне се врткаше и се чудеше дека овојпат толку бргу сите се будат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да признам, и јас бев зачуден; впрочем, некои од разбудените беа погребани пред три дена како например, една мошне млада девојка од шеснаесеттина години, која само се кикотеше... мрско и одвратно се кикотеше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не беше зачуден. Му олесна, дури.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)