бев (гл.) - измислен (прид.)

А беше и среќен роден, во ист ден со Петара Акиноски и во една вода заедно со него крстен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттогаш и оттаму беше измислена песничката за него, а тука, зашто беше вистина, немаше лутенка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Камилски не му беше познат овој факт, тој ниту некогаш за него размислувал до Татковото потсетување за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Барутот започна Татко којшто означи нова ера во војувањето и во уништувањето на човекот и неговите придобивки, не беше измислен, ниту создаден на Балканот, туку тој, како и многу други смртоносни оружја, беше овде пренесен!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Револуцијата не беше измислена. Таа самата се наложи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Зошто? - Затоа што не беа измислени.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ова што ми го раскажа, беше измислена приказна, или вистинска?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од под буквите во книгите ѕиркаат нашите мртви и се смеат новородените. Дишат вода, пијат воздух.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Поп Данаил Москополчанин не може баш да се сети дали кога првпат беше во Венеција беше измислен фудбалот на мали голчиња и на што мислеа Венецијанските трговци кога претскажуваа светска економска криза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Зошто? - Затоа што не беа измислени. Не беа направени. Тогаш само птиците летаа по небото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Момчето киваше и се секнеше и си размислуваше: болничкиот коридор беше измислен за осмичарење со ролерки помеѓу листовите на сестрите и стеблата на докторите.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)